Добро утро дрва. Честит празник.
Личен став.
Избори се ближат. Бираш пратеници за во собрание. Од таму се бира влада (Управен одбор на МРФ), па од таму се бираат и членови на собраниски комисии (комисии на МРФ). Тие одлучуваат за општествениот (спортски и рибарски) живот. Кога треба да се организира нешто како лига во крапски риболов, не се распушува референдум, па за секое прашање како Лига, Репрезентација и сл. сите да гласаме и одлучуваме. Сме им го дале гласот преку собрание за да организираат и нека цепаат. Проблемот е што во комисии треба да влезат автентични и веродостојни луѓе, оние кои ја разбираат проблематиката. Во нашиот случај тоа се луѓе кои натпреварувале во крапски, пливкарски и сл., кои имаат искуство и знаење. Секоја чест на исклучоци
.
Глеам владава и собранието е со комисии во кои нивните членови се се автентичен до автентичен. Па аналогно на тоа и во МРФ. Се е тоа нормално.
И ние од страна, народот (натпреварувачите во сп. роболов) се покажавме во конкретноста, меѓусебните односи и придонесот за напредок и добри решенија.
Затоа остајте нека секој избран и задолжен, да си ја врши работата. Ако се паметни ќе прашаат автентични, веродостојни луѓе за совет, мислење. Не може да биде индивидуална одговорноста, а колективно раководењето.
А овде на Форум, можеме и треба да се дискутираат нивните предлози и решенија. Да ја критикуваме нивната работа или да ја фалиме. Тоа никој не може да ни го забрани. НО, не да го критикуваме индивидуалитетот, личноста, карактерот, туку работата.