Абе шекерец си е шекерец, пченка си е пченка ама и боила си е боила особено каде има многу ситна риба. Едноставно сакам да експерементирам со мамци, едно лето имав добар улов на мали ситни компирциња 1-2см обарени ама тогаш начекав еден што сакаше да ги фрла и си земав една врека, ги спремив, крмев одредено време со нив и почна фешта, јас ловам останати гледаат. За пченка знам како да ми тера доста време, ја варам во тегла како компот и трае додека не ја отворам. До сега не ми се расипала пченка во тегла а сум седел на Мантово и по цела недела во најголемата жештина. Боилите во компир врека и под сенка ми издржувале додека ловам, проблем ми е како да ги складирам ама по се изгледа ке ги правам кога ке планирам да одам по риба. Маката е тоа што не знам дали со сигурност ке одам по риба и да направам свежи, ова лето се нешто ми искрснуваше и многу малку риболовев.