Ај вака, Мр.Џек Лондон...ако не сфатиш од ова што ќе ти го напишам...нема спас за тебе.
А - Слободен риболов
Б - Натпревар
А - Фаќаш каде сакаш, бираш позиција по твој кеф, одиш 10 пати на исто место, си ја измаркирал претходно, си извадил риба на одредени мамци, доаѓаш спремен со истите, позоцијата што си ја одбрал ти е чиста како писта, немаш кинење и да имаш ќе бегаш полево 20/30м, знаеш точно која количина на прихрана ти треба, знаеш дека нема да ловиш подалеку од 50-70м, не ти треба сподирање, губиш 2 олова (не 50) у 72 саата, те фаќа дремка и си легнуеш коа ти се приспие, надвор е 0, ти си у шатор и не менуваш предвез у 3 сабајле, лево и десно никој не вади риба зашо нема луѓе (значи притисок никаков) се натпреваруваш исклучиво само со крапот, немаш правила и жолти картони, судија ЈОК, си крмиш и шлапаш (ако носиш спод) и во 2ч по полноќ, ако ти умре риба си ја пржиш - во спротивно жолт картон и -10% од килажа, кога заврши риболовот си одиш среќен и одморен зашо не си изгубил од тој до тебе лево за 150гр....итн итн итн
Б- се обратно
Психолошкиот аспект е многу битен, ако не и клучен фактор во овој спорт. Може да направи (а често прави) да се посомневаш во се доколку работите не тргнат во добар правец и да ја изгубиш и повратиш самодовербата едно 100 пати во 72 часа. Верувај, тоа исцрпува.
На Рјаховски ливади отидов да си го подобрам рекордот, втората вечер фатив крап од 18кг...и си спиев 2 дена како јагне. Капиш.
Се учи доста на слободен, 2 кампањи во Бугарија доста работи консолидирав....НО, јас на натпревар од 72 часа спијам тотал 8-10 часа.
Рационалноста е друга и грешките не се исправаат така лесно. Лимитиран си!
Џек...просто е, мани то муабет јадиче 10-ка и боила. Не е само тоа! Боилата е секундарна - те уверувам!
Абе комплетно концептот е друг, пристапот е друг, притисокот е друг, се е необјасниво, целите што сакаш да ги исполниш се приоритет и те прават нерационален, си наоѓаш 500 мани, парите ги пцуеш, времето го пцуеш, пa и професијата зошто неможеш да фукнеш 5000€ на врвна опрема во понеделник коа ќе се вратиш од риболов.
Се тоа погоре се 100000 разлики и причини кој се обратни, каде можеш да бидеш ПРВ, а истовремено и ПОСЛЕДЕН!!