www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Ное 24, 2024 6:32 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS1415161718ELLIPSIS39»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 01, 2016 12:53 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
emil.matoski НапишиCOLON
Eve vaka.
1. Kasting se uci i na treva, ne mora da ima ni voda.
2. Kondicija za da frlas daleku konstantno podolgo vreme se steknuva i na treva. Normalno deka podobro e na voda, ako nisto drugo prijatno ke se osekas.
3. Markiranje se uci i na voda kade nema potreba da pliva nitu edna riba.
4. Zig - rig ..... koj vo MK napravil kampanja na zig na nekoe MK ezero za da kazeme deka nemame voda za zig? Jas tvrdev deka nema vodi za musicarenje vo MK dodeka ne pocnav da odam na musicarenje. E sega mozebi nemame idealni vodi, ama za da naucime i da napreduvame mislam deka imame.
1. Се учи на трева, само што секое зафрлање ке треба да пешачиш (изгубена енергија наместо тренинг).. затоа на вода со бови.. (кој при тоа ке ги украдат итн итн итн..) :)
2. Само на вода
3. Само на вода која не е рамница..
4. Да многу пати.. но не е до зигот како монтажа и начин на ловење.. него е до храната.. Земи шлапај ти на некоја МК вода со ракети (освен козјак..) па да видиме колку ке има успех.. за да научиш нешто за тој зиг треба да уловиш и да имаш основа со која може да споредуваш..

Нема оправдување.. ако се сака се може да се постигне.. :) само треба да сите сакаме.. и експерските совети да ги делиме :)

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 01, 2016 12:57 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
Keltan НапишиCOLON
Кога веќе се споредуваат нашите репрезентативци со други спортиси кај нас.Имаат по два тренинга точно,но кошаркарите тренираат во сала за кошарка/za da dojde do SALA naucil da igra basket prvo na ulica i svatil deka e talent /

Каде еве јас ќе тренирам,ама не само да фрлам спомб и зиг,туку за комплетен да бидам треба да знам и да тренирам да вадам риба на ЗИГ и да вадам риба од 10кг. со 0,22 конец од 150м далечина.Кај нас ќе извадам за три дена,ај нека се 10 риби/ako znaes ispravno da zamaras EDEN krao ne gledam problem za Sto krapa /Мислиш ли дека ќе бидам споремен за натпревар на високо ниво?

Емил,во друг пост напиша дека кастинг се учи на трева.Ок со слагам со тоа,ако не е исто трева-вода ама ајде.
И што еве ако научам да фрлам далеку,а не научам да вадам риба од таа далечина.Разлика е огромна од 100 и од 50 метри / ova sto ti znaci pojma nemam , cak dalecinata ti pomaga pobezbedno da go zamaras na 0.25 podvez /
Сигурно од улица само како талент не почнал одма да игра во ЛА Клиперс. Од улица,па во сала,па во МЗТ и така натака.Исто од прилика еден крапџија натпреварувач.Од река на бојник,па крапчиња на гого,па крапчиња и крапови на Глобочица итн.. Државна лига или некоја дружба од сличен карактер,па после следува светско.
Ако знаеш да извадиш-замараш еден ќе знаеш и за сто,ама треба повечќе риби за рутина,за побрзо вадење и ред други работи да набројувам што се потребни за сериозен натпреварувач.
Трето.Значи не е исто. На 100м го замараш и побезбедно ќе го извадиш со 0,25 конец.Ама не е исто со 0,25 и со 0,20 пример.Нели за таа далечина се иде со потенки конци.И пак треба рутина,за побрзо да го извадиш.Со 5 риби нема да ја стекнеш таа рутина.Со една ќе пробаш побрзо да ја вадиш,ќе изгубиш.Наредна после 3 саата,таа може ќе ја извадиш може и не.Наредна кој знае кога.... Е така не се стекнува рутина,знаење..

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 01, 2016 5:17 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONВто Дек 22, 2015 8:37 pm
МислењаCOLON26
како на овој форум што сим видел теоретичари и плачковци мислам нема никаде у свет. немало води немало пари и тн. кој сака да се издигнува во нешто ќе си најде и вода и пари и се што му треба.и вие колку сакате зборете дека францизите или русите се први зш се имале пари јас не се слагам со тоа.и наште се имале колку сакат боили и наште се имале зиг ригови едноставно на светското просперират само професионалци во тој спорт а ние во мк сме на почетен стадиј на аматери. позз


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 01, 2016 7:11 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Диме, дај, молим те бриши тоа ЕКСПЕРТСКИ од насловот на темата.Пак стара приказна. Се има, само анализа нема.
Може ли онака грубо, аматерски да заклучиме дека:
90% , успешно, се ловеше зиг-риг.
90%, успешно, се ловеше на 120, 130-140 м.
Приметна е леснотијата на постигнување вакви далечини, особено во прихранувањето.
Приметна е големата прецизност во прихранувањето.
Евидентно е пласирањето мамци НАДВОР ОД ХРАНАЛИШТА, претежно 5, 10, па и 15 м. над хранилишта
За разлика од порано, сега до израз дојдоа и фулл по-ап бојли.
За разлика од порано мешани се прихраните за зиг-риг. Пола се прихранувало со кашасти, пола со суви структури (ова некој од местото на злосторот да го исправи или потврди, бидејќи е од ракав :D ).
Не е новина, но голема застапеност и ефикасност постигнала прихраната со пелети (halibut?).
Евидентна е употребата на оние специјализирани магнети за зиговите и нивна набавка или изработка.
Евидентно е дипањето на поп-аповите.
Евидентна е потребата од обука за изработка и употреба на овие zigovi-rigovi.
Евидентна е потребата од запознавање и набавка на останатата опрема за ловење со zig-rigovi (stapovi, ma[inki, konci, jadici i sl.)
Сето ова е достапно. И неопходно. Сето ова, со мислење сум, правилно употребено и во нашата, каква таква лига, би требало да покаже резултат, па и на Мавровица и на Преспа.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 01, 2016 7:15 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
kasasti i zrnesti e i na italija kade mozese da gledas i sam,ne e nisto novo.se praktikuva mnogu odamna
kasestite nerabotata sekade,novio priod na zigot e hranenje na dno so po nekoj partikl da lebdi i dipani pop upovi(sekakvi) kolku sto i kako hemija stavaat vo hranata e tuka e marifetot ?

koncite,jadicite,pop upite ne se nikakov problem,ama dfipot i hranata itekako se

hranata i dipot moze da go krades ako ides negde i gledas ,nikoj nema vistinata da ti ja kaze

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 01, 2016 7:21 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
halibut peletata vo ovoj primer pali zosto pametnite frlile toni peletei cela godina da go naucat ,ne deka tuku taka mu se svigala halibut peletata :)
neznaci deka sekade ke pali,pa dogodina zemi 1 ton peleti i hrani,,,

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 01, 2016 7:30 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Со цел да извлечеме што повеќе сознанија од оваа СП, ај уште еднаш да се потсетиме:
Sportex НапишиCOLON
Заврши и 18-то светско првенство во Бодибилдинг за крап, па како и секој капитен редно е да напишам збор два за тоа што се случуваше во Франција, иако си ветив самиот на себе си дека нема повеќе да пишувам на овој форум, пред се поради многуте негативни и лоши коментари, преполни со суета и зајдливост, во обид да се задоволи сопственото нарушено его и да се најде оправдуванје за сопствената слабост, но сепак поради малиот број на членови кои навистина со срце и душе навиваат за нашата репрезентација и кои на било каков начин помогнале и ќе помогнат во иднина, се одчучив да постирам едно кратко видување од своја страна.

Оптимизмот е многу добра работа, но претераниот оптимизам секогаш негативно влијае на крајниот резултат со тоа што разпчарувањето станува поголемо на крај. Реален императив на нашата крапска репрезентација не беше освојување на медал, бар не беше случај оваа година, иако е тоа желба на секој спортист. Успехот не доаѓа од небо, за успех се потребни долги години напорна работа и залагање, а релано гледано ние оваа година почнуваме од дното, таму каде што релано бевме и заслуживме да бидеме во последните години. За да се катапултираш од дното на врвот по само една година залагање и работа, е нереално гледање на работите. Затоа и целта која си ја поставивме за ова светско првенство беше повеќе од реална. Да се улови риба во сите три сектори, а потоа доколку е можно да се брка повисок пласман со секоја уловена риба.

Еден риболовец од калибарот на Цапан веке со години работи со руската репрезентација која за разлика од повеќето учесници на Светските првенства има свој Приватен Спонзор кој фрла дебели пари и вложува ненормално многу во успехот на репрезентацијата. Да беше случај да трошеше државни пари како ние, одамна Цапан ќе беше избркан, но човекот верувал во него и несебично вложувал, па резултатот си дојде после неколку години вложување и напорна работа. Колкави се тие негови вложувања доволно е за ваша информација дека само надоместокот на Цапан за Светско првенство изнесува 20 000 Евра. За 20.000 евра годишна плата како селектор на Руската репрезентација во крапски риболов, редно е да се бара Одговорност, која не беше побарана од истиот во последниве 5 години иако резултатите им беа повеќе од слаби. Од луѓе кои доброволно одат, трошат свое итекако драгоцено време, жртвуваат фамилија и работни обврски, трошат свои пари и кршат сопствени возила за добробит на репрезентацијата, нема апсолутно право никој да бара одговорност. Небаре ги купивме најдоброте светски крапџии и тренери за Ова свтеско, ги плативме дебело, па сега ќе бараме одговорност за слабиот резултат. Но нека им служи на чест на таквите, кои со кикирики и пиво го проследија овогодишното светско првенство и во стилот на Вистински Македонци фрлаа дрва и камења по по оние кои отидоа да ги браната боите на нашата селекција.

Неколку Факти за крај ....

Факт 1 - Некои од тие кои не нарекуваат ДРВА се нашле и самите во ситуација да бидат МНОГУ ПОГОЛЕМИ ДРВА на минатите свтески првенства, без ни една уловена риба во сектор. Затоа нека си ја освежат меморијата пред да коментираат.

Факт 2 - На сите кои со кикирики и пиво го проследија сега веќе завршеното светско првенство тресејќи зелени на форум и плукајќи по нашата репрезентација, топло им преппорачувам да се пријават во лига следната година, прво да пробаат да ги победат ДРВАТА што беа оваа година во состав на репрезентацијата и да изборат пласман за следното Свтеско во Бодибилдинг за Крап, па тек после неоговото завршување да коментираат на форумов.

Факт 3 - Кај нас крапскиот риболов е аматерски спорт и самиот пристап кон него ни е таков. Место за аматеризам на светските првенства одамна не постои. Се помал и помал (да не речам веќе скоро и да нема) е бројот на екипте кои аматерски настапуваат на светските првенства, за разлика до нас. Можеби уште само Босна и Грузија се некаде тука со нас, се друго е во било кој поглед над нас. Опрема, финансии, пари, лига, води, желба за успех , тренинг, залаганје, мотивација, професинализам и тн...

Факт 4 - ,,Бодибилдингот,, е обавезна дисциплина кај сите успешни спортисти на денешницава, за жал ќе мора да се практикува и кај нас доколку сакаме да се искачуваме полека на табелата во следните години.

Факт 5 - Без води нема лига. Без лига нема репрезентација. Без репрезентација нема успех. Со ,,Шеќерац,, лига каде натпреварувачите се бунат ако не можат да ловат кај дрвцето на 5 метри лево, место аксијално, нема успех. Не се натпреварувачите криви, водите на кои се одржува самата лига се проблем. Добра вода ќе направи самостојна селкеција. Кој не може да ,,ДРВИ ГОЛЕМ СПОМБ,, по 10 часа дневно на минимум 120 без да губи секој ден по малку во далечината, нема да победи.

Факт 6 - Тимот на франција во А секотр фрли самта повеќе спомбови одколку цела наша чига заедно во трите кола,

Факт 7 - Француската репрезентација количински исфрли храна, повеќе од цела наша лига во трите кола заедно, плус купот на Крушево.

Факт 8 - ЗИГОТ е наша најголема непознаница, комплет на сите заедно. Натпреварувачите не се криви, немаме води за ЗИГ.

Факт 9 - И покрај силните анализи и тренинзи на повеќето репрезентации, вклучувајќи ги и најдобрите билдерски тимови како Англичаните, Србите и Хрватите, прихраната за ЗИГ беше решавачка за успехот. Ние ни во сон не можевме да замислиме таква техника на хранење пред почетокот на првенството, како ни повеќето од остантите.

Факт 10 - Тренингот на одредено вода дава само глобална слика за тоа што те очекува на натпреварот. Да ловиш со 10 екипи на цело езеро и со 76 апсолутно не е исто. Но тоа ни беше јасно на сите нас и пред почетокот. Тоа што не ни беше јасно нас и на поголемиот дел ос учесниците беше, со каква зиг прихрана ќе ловат домакините и кој е рецептот на истата. Изјавата на РОБ во неврзан разговор помеѓу мене, него и заменикот капитен на руската репрезентација (читај спонзорот) "Look my friend, carp fishing competition is an idiotic sport. We manage to catch more than 300 carps with 9 people in each of 3 sesions we had on this lake, like more of the teams that have been visited this lake for training, but it's not a key point. They have found something that is more efective."

Факт 11- И да го знаевме по некоја случајност горенаведеното пак немаше многу да направиме од проста причина што немаме никакво искуство на ЗИГ. Повеќето од натпреварувачите за прв пат ловеа на зиг на ова свестко првенство. ЗИГ е за насмисловна именка и тотална непознаница, вклучувајќи не и нас тренерите кои ги знаеме само основните работи за оваа техника.

Факт 12 - Нашата лига е матерска и самиот пристап кон неа на натпреврувачите е аматерски. Разликата меѓу нас и другите репрезентации е добри 10 години напорна работа, под услов да имаме адекватни води.

Факт 13 - И покрај силните хемии и лабораториски анализи која боила е најуспешна, рибата убедливо најдобро работеше на парче од стара смрдлива папуча во разни бои. И ние имамвме папучи ама не беа доволно засмрдени.

Факт 14 - Како и на секое светско, под притисокот на 76 екипи рибата побегна во најширокиот дел на езерото каде и најдобро и најуспешно се ловеше на ЗИГ техника, како и во заливите во самите нивни краеви.

Факт 15 - Рибата во длабоките делови на езерото кои не беа на најширокиот дел, никако не се симнуваше на дно. Успешно на дно се ловеше само до длабочина од 3.5 метра. Кај нашите во Б сектор на 40 метра беше скоро 7 метра длабоко. Во А рибата беше на далечина која беше недостижна ни на хрватите, србите, англичаните, а не пак на нашата екипа. Во Ц се ловеше на 135 до 140 метра на длабочина од 1.5 метри. Рибата побегна на брегот од спротивната страна, кој можеше да рабти на таа далечина на прави резултат.

Факт 16 - Краевите на заливите беа плитки и полни со риба која се криеше. Кој ловеше таму се изналови , вклучувајќи го и Банај кој ловеше на околу 3.3 метри на дно на 80 метра далечина и тоа 90% ноќе.


Факт 17 - Од каде не ги владеме сите техники па и немаме среќа. Русите во Б со делумно познавање на зигот и прихраниување на не повеќе од 100 метри со спомб, благодарејќи на тоа што се наоѓааа на најпосакуваниот дел од езерото направија невиден резултат. Десно од нив каде веќе се стеснува езерото ,со многу подобри фрлачи и техника за зиг, гледаа ТВ пренос.

Факт 18 - Ни фали малку повеќе самодоверба, искуство и среќа. Да реализиравме барем половина од ударите што ги имавме ќе бевме минимум 5 места подобро пласирани. Но тоа е тоа.

Факт 19 - Русите на вториот ден направија магија. На изгрејсонце, наеднаш позади нив се створија бели прозирни кофи со Халибут пелети кои на првиот ден ги немаше никаде. Или јас не гледам добро, или ги имаа многу добро сокриено или они направиа магија, пошто достава на прихрана е дозволено после две третини од натпреварот. Спознор со пари и се е можно.

Факт 20 - без некој да свати погрешно, Направивме грешка што не напраивме измена во Ц секторот еден ден порано. Ќе ќаревме барем 3 до 5 негативно во секој случај.

Факт 21 - На бугарите им земаа медал поединечно. За црни срамотилаци.

Факт 22 - Банај немаше појма дека ќе земе медал додека не ги објавија резултатите. Има и изјава од него.


Поопширно за тоа што се случуваше и како течеше 18 тото светско првенство во Бодибилдинг за крап, во некоја наредна прилика, се надвам наскоро, кога ќе успеам да се подсредам малку со обврски и ќе фатам малку време.

Во прилог табелата по стариот начин на бодување.

[ img ]

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 01, 2016 7:54 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
ajde Duki da rezonirame cim sakas

posle svetskoto lani svativme nekoi raboti-ovde ima temi kolku sakas za toa

znaci koga jas i nekoj drug expert vikavme deka e dzabe frlanje na treska po nekoj vikend na prazna voda ,site se bunevte

toa dovede do gubenje ribi a toa dovede do plasmanot godinava

znaci treba rabota na voda so ribi ,vadenje riba od 140m i od 80 m ne e isto,vadenje riba na 0,25 i potenok i vadenje riba so 0,35 ne e isto

hranenje vo tocka na 120+ m isto mora na voda so riba za da vidis kako rabotis,hranenje so kobra na 120m

kremenadla godinava najmalku vezbase,ama vezbal predhodno i deteto si ima taktika i sila,mu treba kondicija za da izdrzi 72 saati so 100 kg hrana

sega godinava istoto ke go vezeme pak??? pak ja i nekoj ke bideme edini protiv i ke bideme experti????

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 01, 2016 8:16 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
JaneMK НапишиCOLON
ajde Duki da rezonirame cim sakas

posle svetskoto lani svativme nekoi raboti-ovde ima temi kolku sakas za toa

znaci koga jas i nekoj drug expert vikavme deka e dzabe frlanje na treska po nekoj vikend na prazna voda ,site se bunevte

toa dovede do gubenje ribi a toa dovede do plasmanot godinava

znaci treba rabota na voda so ribi ,vadenje riba od 140m i od 80 m ne e isto,vadenje riba na 0,25 i potenok i vadenje riba so 0,35 ne e isto

hranenje vo tocka na 120+ m isto mora na voda so riba za da vidis kako rabotis,hranenje so kobra na 120m

kremenadla godinava najmalku vezbase,ama vezbal predhodno i deteto si ima taktika i sila,mu treba kondicija za da izdrzi 72 saati so 100 kg hrana

sega godinava istoto ke go vezeme pak??? pak ja i nekoj ke bideme edini protiv i ke bideme experti????
Против што бе песимисто. Мора ли луѓето да ги гледаш. Гледај и критикувај ја работата. И доста критикуваш. Кременадла вежбал на таа скапана Треска и стасал до 140. А ти? А јас? Кога сите ќе тргнеме по тој пат, можеби и ти ќе стигнеш до 140. Кој па пробал у МК да лови зиг. Кој пробал да лови на 140, па да вади риба од 140?
Малку е тоа вежбањето на Треска секој втор трет викенд. треба повеќе. И треба и на куп, у лига да се проба. Којзнае, можеби и поуспешен ќе се биде? Кој пробал. Лошото е што во лига по секоја цена мора да се извади риба, па макар и под дрвцето, па чаталчето на 15 м., па макар и на шеќерац. И јас мислев и тврдев така, ама грешев и сега сум убеден дека не е така.
Можеби е време за целосен изборен систем на Репрезентацијата. Се знае веќе кои се потребните квалитети за поголемите шанси за добар резултат.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 01, 2016 8:29 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
???

pa go imame Kremenadla,koj izboren sistem
uste sedum kaj da gi najdeme

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS1415161718ELLIPSIS39»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 22 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum