Ајде најпрвин да се извинам на Јане и на Филип од Куманово за нашиот овогодишен крапски неуспех. Момци
наклон до земја и сите неуспеси се моја вина и на никој друг ни на натпреварувач ни на селектор или трет капитен.
а одговорност може да ми побара Сергеј кој ме предложи за негов помошник и се разбира УО на МРФ.
п.с. во следниот пост за сите останати
Видете вака дечки ! И јас некои луге не ги бендисувам или имам лични несогласувања по некои теми со нив ама тоа не значи дека треба да ги ставам на тапет. Конструктивна дискусија дава резултат и плод а препукувањата само нетрпеливост и омраза. Утре треба да седнете заедно да ловите во некој лига или на свтеско, затоа смирете страсти и оладете малку.
Да бидеме едно на јасно ! Проблемите што се натпрупаа од минатото никој не може да ги реши за една година. Треба време и работа. Пак ќе повторам, почнавме од нула, успеваме да надминеме некои дечји болести кои упорно се провлекуваа со години низ репрезентацијата, као немање на логистика, немање на информации и сл. Оваа година сите бевме 72 часа на патеката, што колку што видов не го направи ниеден тим на селектори од другите репрезентации. Сите си одеа некаде кај полноки доагјаа наутро. Предраг, Пепи како и резервите што ги носевме, сите си ја завршија својата работа и помагаа максимално во рамките на своите можности и овластувања. За прв пат некој од логистика побара да реагирам кај Матиоли да му дозволи да седи со нашата екипа во Бокс.
Едно по едно, полека но сигурно. Ете проблемот со логистика оваа година беше решен. Видовме дека можеме и ние да имаме улови во сите секотри без озбир што ни манјка знаење во одредени техники.
Но исто, Видовме и по не знам кој пат дека Натпреварите на светско ниво во Крапски риболов немаат ама апсолутно ништо заедничко со она што кај нас се нарекува Крапски риболов и Лига натпревари. Професионализам VS Аматеризам. Резултаот е таков каков што е, битно е дека има напредок каков таков, макар и минимален но има. Пред се ќе треба да се работи на создавање на поквалитетна лига со позахтевни води, каде ќе треба многу работа за да се победи. Не дека немаме такви води, смао треба многу работа и финансии за да среди една таква патека, ќе треба многу кнедли да се изголтаат и многу убедуванје со кенцесионерите за да се направи една кавлитетна лига за почеток која ќе ги даде основите за понатамошна успешна работа. Квалитетна лига сама по себе ќе направи селекција низ неколку кола. Не може тие што не знаат да измракираат, не можат да дрват спомб нон стоп и што спијат навечер да победат. Крапскот риболов е 70% работа, 20 посто знаење и 10 посто среќа.
Значи не требаше воопшто француските тимови да знаат нешто посебно да ловат. Земи двајца што можат да пукаат голем спомб на 120 по цел ден, врзи им зигови на разни должини и кажувај им што треба да прават и како да работат, обезбеди им 100 кила пелети и 100 кг боили и удри. Ова не е класичен крапски роболов, за оние што не сваќаат и што немаат представа што се случува на овие натпревари. Трендот го почна Јужна африка и продоли до ден денес иако со одредени ограничувања на прихраната на 200 кг. Ние можеме да имаме некаква шанса во сегашнава состојба само доколку се ограничи количината на храна на 50 кг максимум и далечината на 120. За се друго треба многу многу да работиме доколку сакаме да се замешаме таму каде што сакаме да бидеме а релано во моментов не можеме.
Умре тоа време со две риби се освојуваше секторки медал. Тогаш се одеше на светско со 10 кила боили и 20 кила спод. Зигот беше мисловна именка а смрдливите папучи се користеа само во купатило. Се хранеше со Кобра а ракета се користеше само доколку требаше да се лови на повеќе од 100 метри, каде кобрата не вршеше работа.
Ќе мораме да ги прифатиме новите трендови без разлика што сите осеќаме одбивност кон нив. Се сложувам дека и двете техники се сквернавење на она што се нарекува риблов на крап со олово на дно но Мораме да практикуваме ЗИГ РИГ и Кастинг ако сакаме да се натпреваруваме, во спротивно не треба да одиме повеќе на светско.
Во оваа пригода сакам да им изразам голема благодарност на сите што помогнаа на било кој начин на ова свтеско првенство. На Предраг со кој окапавме 72 часа на патека, на Пепи кој се лутеше што неможе да остане и навечер во бокс бидејќи не беше дозволено, На Крсте кој исто така по цел ден акаше по езерото и плус успешно го замени Куварот кој оваа година не не удостои со своето присуство
, На Филип кој додека не влезе како замена беше рамо до рамо со Крсте, на Кајстор кој вредно како мравка без разлика на годините што ги има, чистеше по нас и не бодреше во текот на натпреварот, на Радован за информациите што усшеваше да ни ги обезбеди од понедостапните делови на езерото, На Васил Костов за подршката што ни ја даде и голготата што ја преживеа во Германија само за да стигне на време со опремата, на натпреварувачите кои машки издражаа 72 часа напорна работа и нервоза, како и на сите кои не бодреа и срдечно навиваа за Македонија на ова свтеско првенство.
Ни престои многу работа во наредните години. Ако го сватиме ова ќе напредуваме, во спротивно ќе се препукуваме овде на форум кој е поголем мајстор на Црна или на Вардар, чии боили се подобри, кој подалеку фрлал и колкави крапови фатил а на Светско ќе бидеме само неми посматрачи и бледа сенка на репрезентацијата која сакаме да ја имаме.