www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 4:52 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS34567
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 30, 2016 8:09 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Викендов се одржа најавениот државен куп на езеро Гумење во Крушево. Пријавени беа 6 (шест) екипи и овде би сакал да се извинам на екипата од Виница која сакаше да учествува НО поради завршениот рок за уплата и непратење на информациите на страната на МРФ како и овде на форумов Рибар 2011 не знаее дека има рок за уплата. Патеката требаше да ја поставиме од една страна како сите екипи би биле во близина и би имало дружба но сите екипи побараа да се биде од двете страни на езерото за да има поголем улов. Така стазата беше напрвена 1-ва, 2-ра и 3-та позиција како во лигата минатата година, а 4-ка и 5-ка од лига беа исфрлени и стара 6-ка сега беше 4-ка па натаму 5-ка и 6-ка на средина од брана до врбата. Времето беше прекрасно и како и секогаш на овој куп натпреварот помина со одлична дружба. Крапот јадеше секаде и сите екипи беа задоволни со уловот.
Секогаш се памети некој натпревар по некоја случка или збиднување па така верувам дека и Кичевчани ќе го паметат овој натпревар по премногу изгубени риби. Оваа екипа имаше еден уловен крап ставен во чуварка да сабајлето им го нема (заборавиле да го затворат) откачени некој си 5-6 риби од кој еден прекрасен амур пред кепче. Но овде небеше сета загуба за оваа екипа, Кичевчани изгубија и кеса со 5кг кичевски колбас кој им го однесоа кучињата.
Најдобро пласирана екипа беше домашната екипа на Мрена Крушево која посебно ми е драго затоа што дечките или популарно наречените (децата на Нико) покажаа одлична уиграност, сталоженост, упорност и перспективна екипа за лига натпреварите во иднина. Дечки секоја чест :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy:
Третопласираната екипа на мајстор Кајстор неуморниот и најстабилен крапџија кој е жива легенда и има германска стратегија која вели натпреварот трае до последниот свиреж се покажа како одличен стратег.
Екипата на Арнаудови се закити со медел и пехар за најголема риба и иако немаа риба подолг период од натпреварот беа упорни и хранеа и ги чекаа своите 5 минути и навистина имаа две риби во ист момент на две различни хранилишта кои успеаа да ги извадат од кој едниот прекрасен амур и еден крап од 2-3кг.
Битолската екипа имаше одлична позиција но искусниот судија г-дин Пеце рече неможам да хранам и лован над 90-100 метри каде ќе ако можеше ќе беше непобедлив.
Се на се одличен викенд, одлична дружба и прекрасно поминато време со прекрасни луѓе.
п.с. на било која дружба кога се влегува во бокс секој сака да победи :secret:


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS34567

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 56 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum