ПРОГРАМА
за Куп “8-ми Септември 2016” дисциплина “Крап”
Согласно Правилата за организирање на натпревари во спортски риболов во Република Македонија, усвоените Пропозиции и Календар за спортско-риболовни натпревари во 2016 година, Купот на Република Македонија, “КУП 8-ми Септември 2016” во дисциплина “КРАП”, ќе се одржи од 27.08. до 29.08.2016 година, на езеро Гумење во Крушево.
Организатор: Македонска Риболовна Федерација (МРФ)
Домаќин: Мрена - Крушево
Екипите (дуата) за учество на натпреврот се сотавени од 2 (двајца) натпреварувачи (дуо), 1 (еден) резервен натпреварувач и 1 (еден) капитен на екипата. Сите учесници мора да бидат регистрирани спортски риболовци за 2016 год. и да поседуваат спортска легитимација, како документ за идентификација, лекарско уверение и осигурување.
Право на учество имаат сите риболовни здруженија и клубови (РЗК) членки на МРФ, доколку навремено поднесат пријава за екипите и ја платат пропишаната котизација за овој натпревар.
Купот “8-ми Септември 2016“ нема да се одржи доколку се пријават помалку од 5 (пет) екипи.
Натпреварот ќе трае непрекинато 50 часа и ќе се одржи според Правилата за натпревари на Македонската Риболовна Федерација.
Патеката ќе биде поставена на езеро Гумење, Крушево.
Дозволен е улов на видовите крап и амур а се бодуваат само примероците над 1 кг. тежина.
За учество на Купот “8-ми Септември 2016” котизацијата изнесува
2,000 денари по екипа. Уплатата на котизацијата се врши на посебна жиро сметка која е наменета исклучиво за натпревари. Доколку поради недоволен број на пријавени екипи Купот не се одржи, уплатените сретства ќе бидат вратени на здруженијата кои ги уплтиле.
Пријавувањето за учество на Купот “8-ми Септември 2016” се врши писмено, најдоцна
19.08.2016. Пријавата може да се изврши и преку пошта на адреса: Македонска риболовна федерација Бул. Кочо Рацин бр.75, 1000 Скопје, преку факс на телефон број 02-3164-509 и преку електронска пошта на адресаата:
contact@mrf1952.mk . Пријавата преку пошта задолжително да пристигне до горенаведениот датум.
Жиро сметка за уплата на котизацијата и спортската легитимација:
МРФ-Скопје-спорт,
300-0000032550-65, Комерцијална банка
ПРОГРАМ - СААТНИЦА
САБОТА: - 27.06.2016 година
до 08,00 часот - Пристигнување на екипите и пријавување
од 08,00 до 09,00 – Извлекување за редослед и стартни места
од 09,00 до 10,00 часот - Подготовка за пристап на патека
10,00 часот - Пристап на патека ---------------------------------------------------- прв сигнал
12,00 часот - Почеток на натпреварот -------------------------------------------- втор сигнал
ПОНЕДЕЛНИК: - 29.08.2016 година
11,45 часот - 15 мин. пред крај на натпреварот ------------------------------- трет сигнал
12,00 часот - Крај на натпреварот ------------------------------------------------- четврти сигнал
12,15 часот - Крај на натпреварот за дуа кои за време на четвртоит сигнал замараат и вадат риба ---------------------------------------------------------------- петти сигнал
13,00 часот - Соопштување на резултатите.
СУДИСКИ КОЛЕГИУМ: (Ќе се одреди дополнително)
Делегат: -
Главен судија: -
Судија: -
Судија: -
Судија: -
За подетални информации сите заинтересирани можат да се јават во МРФ на тел. 02-3164-539 секој работен ден од 07.00-15.00 часот.
Натпреварувачка комисија
Претседател:
Кирил Нацевски с.р.