Со контролите што се вршат од таа комисија во соработка со МВР и ДИЗ, се отстрануваат девијантните појави на терен како мрежари и криволовци, а истовремено се анимираат рекреативците да си вадат дозволи и со тоа се помагаат здруженијата.
Пример е порастот на извадени дозволи во Бабуна после две поминати контроли. Или на Брегалница. Или на Козјак, во една од претходните контроли беа најдени 30 лица без дозволи, во последната ниту едно.
Од ова единствено што е точно е што се помагаат концесионерите, да не речам им се врши нивната работа или уште поостро ефект има кај полуспособни концесионери.
Тоа што контрола на МРФ поминала и фатила риболовци без дозволи, или пак риболовци кои ловат во мрест, јас единствена вина гледам во СКАПАНИОТ концесионер. Да е концесионерот асален тогаш сам ќе си ги тера овие работи, врочем како и што има обврска по закон и по договор за концесија.
Од овие причини јас не гледам некакво битно поместување од делувањето на оваа контрола на МРФ, да одиш и да легитимираш риболвци со трска дали имаат легитимација или дозвола за мене е смешно и џабе фрлени пари за вакви контроли од МРФ, тоа треба да си го прави концесионерот. Ако нешто треба да прави оваа контрола на МРФ е да се фати во коштец со реални проблеми во некои реони и градови каде концесионерите тешко се справуваат, а реални проблеми се познати рибокрадци, познати харпунџии, мрежари, оние што тепаат со струја, луѓе кои се вистински пакосници, а кои тешко се фаќаат. Дур не видам фатени мрежи, харпуни и апарати за струја, дур не видам ноќни акции и испоаспени луѓе, овие контроли на МРФ за мене се смешни.