Ај и јас да се вклучам во дискусијата.
Читам овде дека во УО на МРФ требало да има претставници од сите техники на риболов, односно требало да има посебни комисии за секој вид на риболов, а претседателите на тие комисии да бидат и членови на УО. Ова не е можно со вакво уредување на МРФ, а тоа уредување е дефинирано во повеќе Закони, а пред и се во Законот за здруженија.
Кој е тој закон?
Колку што знам сите здруженија се поставени врз основа на СТАТУТ....
Извадок од законот за здруженија...
5. „Статут” е акт со кој се уредува дејноста, организационата поставеност и
функционирањето на организацијата;
Ако знаеш од прва, еве може скокам нешто и кажи ми каде со законот е дефинирано кој треба да биде член на УО во едно здружение?
Еве еден цитат од Законот за здруженија и фондации по кој е регистрирана и МРФ како здружение на здруженија во превод.
Со црвено ќе го коментирам Законот.
8. Собрание на здружението
Член 22
(1) Собранието е највисок орган на здружението и го сочинуваат сите членови. Значи во собранието може полноправно да одлучуваат исклучиво здруженијата членки на МРФ со нивни делегати
(2) Со статутот може да се определи начинот на претставување на членовите на здруже-
нието во собранието на здружението, преку свои избрани претставници. Како што е определено, за секои 250 членови во здруженијата следува еден член во собранието на МРФ
9. Надлежност на собранието
Член 23
Собранието:
- донесува статут, програма и други акти,
- усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и го објавува на својата веб
страница,
- доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно до
органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во случаите кога кори-
сти средства од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на единиците на ло-
калната самоуправа,
- одлучува за промена на целта на здружението,
- одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на здру-
жението, Значи дел од предлозите овде што се напишани треба да се предложат на Собрание на МРФ, а не на УО од МРФ
- избира и разрешува членови на органите,исто и за овде има идеи кои треба да се предложат на Собрание на МРФ, а не на УО од МРФ. Не за друго, туку УО нема можност да ги спроведе без одобрение на Собранието
- одлучува за статусните измени на здружението,
- одлучува за престанок на здружението со двотретинско мнозинство гласови од сите чле-
нови на здружението и
- врши и други работи во согласност со статутот и актите на здружението.