Boris znam deka si dobronameren i eve da ti odgovoram.
1. Filip ima mandat da pravi nesto tamu i jas ne treba da mu se zablagodaram za nesto sto mu e obvrska. Ako ne saka togas neka ja napusti foteljata. Sekoj drug koj ke dojde na toa mesto pa makar i plivkar ke napravi podobro za musicarenjeto.
2. Se znae kako se vklucuvaat ludje vo edna manifestacija. Koga se organiziraa musicarski sredbi jas se javuvav po ludje, Perun gi pravese cevkite za merenje ribi, Marjan lepese plakati, Filip go pravese posterot.... Taka se pravi organizacija. A ovaa organizacija e Anti Matka organizacija.
Ne se pravi so odgovor na muslimanite" te pozdravi evropsko prvenstvo",
Ili kontaktirav 10 musicari a nikako ne bilo koj od vas, ili dogodina JAS ke pravam liga.
So toj stav ke vidime kakvi rezultati ke ima.
Alo covece jas sam uspeav da organiziram musicarski sobiri koj bea 100 pati pouspesni od ovoj cirkus i ti mislish deka treba da mu blagodaram na Filip zatoa sto devalvira se dobro sto e napraveno za musicarenjeto vo MK?
Boris na krajot na kraistata i musicarskiot razdel na forumot e takov kakov sto e poradi Filip. I tuka Matka da ne vi e kriva?
Мене ми се чини дека вие самите ја правите Анти Матка чим бојкотирате и мислам дека во глава го имате само Филип и дека ако он органзиира вие од Матка не учествувате, а всушност го бојкотирате државниот куп и МРФ. Филип е претставник на РИБАР во МРФ пратен таму за куп други работи не само за мушичарење, тоа што он се залага толку за мушичарењето е само негов личен ангажман плус и затоа треба да сте му благодарни и ако сакате да помогнете за доброто на мушичарењето треба да ги надминете бариерите и заедно да делувате. Инаку неговиот мандат му го даваат членовите и активистите на РИБАР и кога тие ќе сакаат да се повлече ќе се повлече од МРФ.
Во однос на државниот куп прочитав разни оправдувања и забелешки со кои мислам дека се маскира бојкотот, читам некои луѓе сакале лично да биле поканети, па чекај бе што сте вие сива еминенција, кој тоа лично да ве кани, дома да ви дојде со кафе и локум, нели гледате и читате дека пракса во МРФ за било кои натпревари е МРФ да ги известува здруженијата, а они да си ги известуваат членовите, така е и за пливка и за крап и за спин, од каде сега мушичарите требало лично да биле канети ???
Прочитав забелешка за тоа што купот бил во рамазански пости и сега што да правиме, каков одговор ти очекуваше ? Европското првенство и што сега, што е тука навредливо или лошо, европското првенство е во тек, муслиманите од разни земји играат и што е тука спорно ? Ај може споредбата е глупава, ама ете ви пишаа и ред други луѓе со споредба од Македонија, пред некоја недела беше Духовден, празник и неработен за христијаните па имаше лига во крапското натпреварување, претходно исто имаше пост пред Велигден па пак имаше натпреварување, ја незнам што се мешаат религиски работи во ова...
Конечно за тоа што ТИ кажуваш како требало да биде организацијата треба да имаш во предвид дека тоа си е твое мислење, а не ЗАКОН. Ако прашаме 30 луѓе сите 30 ќе дадат 30 различни мислења како треба да биде организацијата. Велиш “Se znae kako se vklucuvaat ludje vo edna manifestacija“ а тоа го вадиш како заклучок од дружбата која ти и повеќемина други ја организиравте. Па чекај бе Илија, па не почнале сите натпревари од тебе, ниту од мене, ниту од Филип, МРФ не постои од вчера, си има таму статути и правилници по кои се работи со години кои точно си наведуваат како се организира тоа што е државно натпреаврување под МРФ, така што нема тука “вака треба, онака треба“....напишано си е како треба. Ако сакате да биде на друг начин треба да дадете предлог, да се согласат другите со вас во МРФ и да се сменат правилниците и праксата, а до тогаш треба да се приклучите на она што е државна организација и да го почитувате.
За крај размисли малку кога пишуваш “јас сам успеав ова, јас сам успеав тоа“....со таков пристап и полна уста “јас сам успеав“ можеш само да си наштетиш. Се што е колективна дружба и натпревар никој не успеал сам, во сето тоа свој допринос помал или поголем имаат и други луѓе, во ширење информации, контакти, организација, па и самото учество. Без нив ....ти сам можеш само сам да си одип по риба и толку. Такви луѓе има во Матка, има во Рибар, во други здруженија, или луѓе без здружение...сите тие успеале, а не ти сам.