Дисциплината е лов на крап.
Крап се лови блиску, на средни далечини и далеку, со еден збор целта е да се улови.
Што си подалеку, толку се поголеми шансите за грешки, отстапувања од хранилиште, непрецизност, исцрпеност, вадење риби и сл. Во МК нема такви три екипи. Во МК нема ниту една таква екипа. Мислам дека е време да се свати дека одењето по најуспешните и копирањето на Хрватска, Англија или Србија, бркањето медали не е во наш ресор. Нас ни треба улов, каков таков кај трите екипи. Крајната цел, подобар пласман на СП, меѓу првите 10 е топ резултат..
Милион пати сме констатирале дека немаме екипи со 20-30 меѓународни натпревари, со 20-30 домашни толчкања по нашиве мизерни води. Најактивната екипа од МК има преку глава, вкупно 5-6 натпревари годишно.
Најголем нонсенс, по мене е во најслабата карика т.е. елемент од ловењето во МК, далечното зафрлање (кастингот е сосема друга приказна), да се прави обид да се "модернизира" тоа ловење и да се постави како елиминаторен критериум. Нас ни требаат три екипи како зајциве велешки, кои на секое СП, барем се упишуваат. А ете, тие и не се некои кои ловат на 150 м.
Португал (фалеше упис на Јане), Италија (упис на Пеѓа и Тафта и Крки и Мишо), Шпанија (Предраг и Васил, Крки и Мишо) не треба исклучително да не насочат кон ловењето на 150 м. Не е единствената причина за неуспех или успех ловењето на 150 м. Гледам дека светскиов првак во кастинг, пријателот од Бугарија и не е најуспешен крапџија.
Во МК нема ниту една екипа која може да лови не на 150-160 м., туку ни на 120 м., 72 саати.
И овој критериум да се фрлело еднаш 140 м., не кореспондира со ловењето крап 72 саати. Не ги мачете луѓето со кастингов.
Реално, може да се случи да не се состави репрезентација. Реално, многу покорисно и поуспешно ќе беше да го пуштевте Сергеј да појде до Франција.