Првото коло заврши !
Честитки до сите учесници за покажаната упорност и желба за натпревар,
Многу е рано за радост или тага за загубеното, има уште две кола каде пласираните во горниот дел на табелата треба да се потрудат максимално да го сочуваат својот пласман а оние од долниот дел на табелата да се потрудат да ги стигнат.
Ништо не е во крпче врзано, има уште многу да се лови.
Еден кикс, една до две риби, една погрешна проценка може да ги урне сите амбиции и обратно !
Едно добро изработено коло, со максимално залагање, напор, одлично одбрана тактика и успешна реализација, може да значи палсман во горниот дел на табелата.
Констатноста е најдобра опција, скеогаш да си горе, но тоа треба да се одработи, покаже и докаже.
Токму затоа оваа година и јас и Предраг земавме учество во поставувањето на патеката, за да се обезбеди во рамките на она што може да го пружи Мавровица, што е можно поизедначен и порамноправен натпревар во кој ќе дојдат до израз кавлитетите на тимовите и поединците, работата, упорноста и знаењето секако.
Факторот среќа, кој за жал е незибежен на ниедна вода, се трудевме да го сведеме на минимум или во рамките на она што се нарекува подносливо или неизбежно.
Императив не било никогаш да се улови што е можно повеќе риба, ако беше така патеката ќе беше поставена сосема поинаку, но тогаш факторот среќа ке земеше дебело учество, па можеше да се случи да имаме два или три тима со килажа на уловена риба повеќе од сите други заедно, што никако не беше прифатлив ризик.
Сето тоа со намера да, од она што во моментов го нуди македонската крапска лига во поглед на квалитет, исплива на површина во што е можно пореални услови.
Сите споредби со лани, прекулани, пред 17 години, јас кога фаќав, Ицо, Даниел, Тони не знам кој, се ирелевантни и неодржливи.
Временските услови, притисокот, температурата на воздухот и водата, водостојот, кој лови на која позиција, тактика, техника, спремност, желба за успех, и тн, се реални немерливи фактори кој што никој не може да ги стави на кантар.
Императивот да се обезбеди што поизедначен и неизвесен натпревар каде ќе решаваат нијансите е остварен.
Одамна немало понеизвесен натпревар во Крапската Лига.
Во такви услови доаѓа до израз спремноста на тимовите, знаењето, тактиката и пред се упорноста и желбата за победа.
Кога од вториот ден некој ќе побегне 50 кила, сите муабети за упорност, спремност и желба за успех паѓаат во вода.
Секако дека би било прекрасно кога би имале вода каде покрај горенаведените фактори ќе имаме можност да ја истестираме и издржливоста и физичката спремност на натпреварувачите со по минимум 200 кг уловена риба по дуо, а кое итекако е потребно на меѓународните натпревари, но за жал немаме таква вода.
А кога немаме таква, мораме да се прилагодиме кон она што го имаме од истото извадиме максимум во поглед на она што сме го зацртале како императив.
Како и во секој натпревар и овде имаше пропсути и недостатоци.
Повеќето беа од технички аспект или заради недоволна комуникација, кој нема да се повторат во второто коло.
За сите други ќе биде дискутирано и ќе бидат вложени максимални напори да се сведат на минимално ниво или потполно да се одстранат.
Сакам да напоменам уште сега за да нема забуни,
ВО ТРЕТОТО КОЛО ОД КРАПСКАТА ЛИГА ЌЕ НЕМА СЕКТОРИ, НО ИЗВЛЕКУВАЊЕТО НА ПОЗИЦИИТЕ ЌЕ СЕ ВРШИ ТАКО ШТО НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ НИЕДЕН ОД ТИМОВИТЕ ДА ЛОВИ ДВА ПАТИ НА ИСТА ПОЗИЦИЈА ВО ТРИ КОЛА.
СО ДРУГИ ЗБОРОВИ, АКО ИЦО И ДАНИЕЛ СЕГА ЛОВЕЛЕ НА ПОЗИЦИЈА БРОЈ 5, ВТОРО КОЛО ДА РЕЧЕМЕ НА ПОЗИЦИЈА БР 14, ВО ТРЕТО КОЛО НЕМА ДА МОЖАТ ДА ЛОВАТ НА НИЕДНА ОД ОВИЕ ДВЕ ПОЗИЦИИ, ТУКУ НА НЕКОЈА ОД ОНИЕ КАДЕ ШТО НЕ ЛОВЕЛЕ.
Сето ова пак ќе напоменам со цел да од она што моментално го имаме на располагање како натпреварувачки дуа извадиме максимум, ставајќи ги на испит во секое коло да ловат на различна позиција и покажат што знаат и умеат.
Припремите за Второ Коло почнуваат уште од утре......Бистро на сите !!! _________________ САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!
|