РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am МислењаCOLON2030 ЛокацијаCOLONКочани
Почеток на созона,договор уште од фебруари.Се е ок место планирано,сликано на падната вода се екстра се до последен ден кога требаше да идам да фрлам прихрана кога добив информација дека толку посакуваното и планирано место било веќе зафатено од друг колега.Што е тоа е.Промена на планот.Сите „добитни„ лесно достапни каде колите ни се блиску и нема потреба од чамец места веќе зафатени,остана уште едно,на господ зад грбот и голем ризик во водата да биде џунгла,во смисол да има многу стара исушена трева која го отежнува риболовот.На 10м. од обала длабочината веќе оди на 2+ метри. Сондирав и најдов на 30-35м. длабочина од 2-3 метри која после одма паѓа нагло на 4 – 5+. За овој период местото не ми беше ич по кеф ама тоа е што е дружбата не се откажува. Прихранив со два вида на боила 12мм двете овошна арома и пченка дипувано со амино,засладувач и бетаин.
Петок 22ри сабајле во 4:30 веќе бевме на местото до Даниел од Куманово и кум му Влатко од Скопје,после ни се придружи и Андреј. 6:30 веќе трските бе во водо. Едно хранилиште 3 стапа кај мене.Две на боила со подигач и една на пченка исто подигната. И на второ хранилиште кај Даниел и Влатко 5 трски исти комбинации. Лево од мене имаше и едно место блиску но тоа го активирав подоцна со намера скроз на крај да ловам ноќта. До 15часот штама.Неколку кленови и црвеноперки и едно мало крапче околу 500-800гр.. Во 15ч. Една боила ја тргнав бидејќи беше многу јака на арома (моја грешка) и неа ја јадеше ситната риба.Наместо на таа боила ставив месна варијанта која се има покажано на повеќе води во разни периоди од годината но не и на пролет. Првата риба удри баш на таа боила.Таа боила се покажа како добитна бидејки сите други удари беа на истата.После две трски фрлив скроз во крајот на новото хранилиште и една оставив на старото,додека другарите продолжија по старо.Ноќта имав уште една риба на овошната на старото хранилиште и тоа беше се.
Продолживме со храна и пиење,пржење клен,црвеноперка,караш муабети смеење и се со ред. Утрото во 04часот. Имав еден убав ран на новото хранилиште,на месна боила но по кратка борба рибата се откачи.Утрото имаше уште ена риба кај Даниел но и таа отиде у ...
Саботата почнавме со супи,јадење,готвење специјалитети,тестенини,карбонари итн..
Две трски префрлив на новото хранилиште во крај и форсирав постојано месни боили кое се покажа како добра варијанта бидејки имав уште еден удар попладни и уште еден сабајлето кој поради бурна ноќ никој од нас не слушнал индикатор и рибата прошетала малку по езеро едно 100-200м. и заглавила во некое дрво.
Се на се задоволни од излетот,да беше подобро времето,да не беше толку променливо ке имавме повеќе риби но како и да е екстра поминавме. Еве и некоја слика.
Еве и едно видео,малку боите се збркани поима неам зашто..
_________________ When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....
РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am МислењаCOLON2030 ЛокацијаCOLONКочани
akiribar НапишиCOLON
VIDEOTO NE SE GLEDA !
Де бре Ај види уште еднаш.
_________________ When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....
_________________ When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....
РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am МислењаCOLON2030 ЛокацијаCOLONКочани
_________________ When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 89 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум