Здраво Лепи (еве сега без наводници)
... барем еднаш да се пориби, кој бил вид на Риба, Автохтона за О.Е., тоа би било добар Гест како за почеток, а потоа да се впушти МРФ во Авантура да ни помогне, нам на рекреативните риболовци, да ловиме со Кајче на начин како што се практикува насекаде во светот. Ние имаме еден месец за лов на Клен од брегот и тоа е се! Незадоволството е огромно на сите рекреативни риболовци во охридско/струшкиот реон за овој горлив Проблем [/b][/color]
Ајде кажете ги луѓето кои биле на „забавата“. Кај кој „Охридски Мајстор“? Мене веќе ме интересира кои се тие луѓе од МРФ кои биле разочарани што не јаделе охридска пастрмка.
... име на кажувам на форумов, но на нашата прва средба ќе ти кажам, а можда и со прст ќе ти посочам кон лицето/а
А посета на клубот секако ке направам, ако некој ме покани. Иако до сега мислев дека со клубот имам коректна соработка и редовно сме во контакт.
... не мора никој да те покани, ние те „плаќаме“ па редно е да не изпоштоваш, ако нишо друго од наша страна пржена Плашица и Ракија ќе имаме, а на тоа и муабет ќе си врзиме
Поздрав [/quote]
Во однос на прашањата - коментарите ќе се обидам да бидам краток.
Порибувањето на Охридско Езеро го прави државата, а би требало тоа да го прави и концесионерот на ревирот, кога ќе го има. Охридско Езеро не смее да се порибува со риба која не потекнува од самото езеро (исклучок е јагулата).
Во однос на решението во риболовната основа, согласно кое е ускратена можноста за лов од кајче во отворена вода, се зазедов лично и ургирав кај изготвувачот на основата (ХБЗ) тоа да го промени. Меѓутоа, изготвувачите цврсто стојат зад својата одредба и немаат намера тоа да го менуваат, во моментов. Тоа може и најверојатно ќе се промени во тек на концесионирањето. Не заборавајте дека риболовните основи може да се менуваат и да претрпат измени и доплни. Ова го знаат луѓето од локалното риболовно здружение (Св. А.П.). Затоа не треба да има нервоза и револт. Сега е првична цел да се додели концесија.
Без покана не се оди никаде, барем јас немам таква пракса. Без покана може да ви дојде некој непосакуван (на пр. инспектор, полицаец ...).
И на крај во голема заблуда сте ако мислите дека вие ме плаќате. Некој многу лошо ве информира. Јас, ниту некој од членовите на УО на МРФ, сеуште немаме примено парична надокнада во облик на плата во МРФ, ниту тоа е предвидено со некој од актите на МРФ. Ве молам во иднина избегнувајте паушални изјави кои не ви се потврдени и кои се далеку од вистината.