Да, но исто беше објавено и дека кастингот се укинува како кртериум, а селекторот (капитенот) ќе си организира тренинзи за lohg kast.
Коректно е пред Лига и пред уплати на котизации да се знаат овие работи, дефинитивно.
Изборот на екипи (дуа) за учество на меѓународни натпревари во дисциплината „Крап“:
Член 63
Најдобрите 3 екипи (дуа), со најголем збир на освоени бодови од лига натпреварите, остваруваат право на учество во репрезентацијата на Р. Македонија во 2016 година на Крапско Светско првенство, под услов да исполнуваат норма за кастинг зафрлување од 140+ метри со конец минимум 0.25 мм и олово, со систем.
Доколку некое од првопласираните 3 (дуа) не ја исполнува нормата од став 1 од овој член го губи правото на настап на Светското првенство. Правото на настап на Светско првенство ќе оствари следно пласирано дуо/дуа (4-то пласирано, 5-то пласирано...) доколку ја исполнува/ат нормата од став 1 од овој член.
Правото на учество на Јадранско – Подунавскиот Куп го остваруваат 4-то и 5-то пласирани дуa кои не влегуваат во состав на репрезентацијата на Република Македонија за 2016 година.
Контролен тест за проверка на далечина на зафрлување (кастинг) ќе биде закажан по завршувањето на лига натпреварите во оваа дисциплина.
Резервното дуо го избираат капитените на репрезентацијата од сите натпреварувачи учесници во лига натпреварите во 2016 година.