Малку самокритика. Многу, навистина многу натпревари сум упрскал и загубил заради алкохолот. Секој натпревар беше прилика да се даде одишка на секојдневието и таа одишка ја сваќавме како прилика да се очукаме како утмани и да не знаеме каде е езерото. На еден таков натпревар (во прочуената лига на Copenns т.е на Мечо) ми падна позиција бр. 13. Аквариум е езеро со сите познаници по позиции. Ме фати инат дека имам тапа позиција. Земав ракета и фрлив едно 2 кгр пченка, дипувана во познат овошен дип. Екипа снова, Сергеј, Тони дуката и јас. Тие само на папир, зошто не сакаа да такмичат, ама заради мене се согласија да ги пишеме. Нејсе, почнуе натпревар, Јас сам (го пишавме покојни Коки како партнер), наранив и почнуе судиска голгота. На секои половина час по еден амур. Правило беше (мислам дека и сеуште е) веднаш да повикаш судија, бидејќи амурите се многу понежни од краповите. И викаш.... судија амур. Тие, надвор од редовните рути мораа да излезат веднаш на стаза и да го измерат амурот, кој под итно се враќаше во вода.
23 часот. Еден час до полноќ. Пешиќ и Пеце од Битола се спремаа да залегнат. Удира амур. Викаш-судија амур. Рипаат сироти и веднаш доаѓаат да го измерат. 4,5 кгр. Одлично. Амурот во вода, судиите назат во кафаната, "облакаат пижами за спиење", утепани од целодневни мерења. Но, удира амур. Го вадам и вика судија амур. Гревовиве стануваат и нога на нога правец 13-ка.
Мерење, пуштање и готова прича. Пешиќ се заканува, ако викнеш уште еднаш, мамето мамино, ќе папаш картон по основ на малтретирање на судии. Амурот во вода, судиите назад у кафана, пижамите и ...... Судија амууууур. Поз. 13. Стануваат како роботи, пцујат и цепаат иста рутина, мерење, враќање, ни здраво ни браво. Одат у кафана, легнуваат, по пола саат еден будала од поз.13 вика судија аааамууур. Пешиќ стануе, излага на тераса и прашуе кој бе? Поз. 13. Што сака? Има амур. На к.р да му еб.м пиперот, очи не затворивме од него. Мерење, пуштање и цинични насмевки пропратени со судиски мрморења.
Ако не веруете, прашајте го Пешиќ.
Околу алкохолот. После 5-иот амур, јас у кафана. За саат летва. Се враќам у бокс и ранам спротивно од езерото, у нива. Се заканив (у пијаното) дека ќе извадам амур и у нива. Има снимки, не се смејте. Со 5 амури бев прв, ама дечките си сработија, а следниот ден, дојдоа Сергеј и Тони-дуката (екипоата моја) и кога видоа колку е саат, Сергеј само изусти - да те еб.м. Јас не ги ни препознав, ама ми текна да појдам у нивата да си соберам бојли.