Можеби може да се стави и постручен текст но еве ќе почнам со основното.Колку да има нешто по понатаму ќе поправаме
Шнурот е оној дебелиот конец со кој се исфрла мушичката.Бојата не означува ништо посебно но добро е да се купат дречливи бои за да можат да биде видлив кога се стемнува.
Важни работи се следниве:
-Бројката(дебелината) се избира во комбинација со стапот.Кај некој стапови има две бројки пример AFTMA 5-6.Во тој случај почетниците би избрале 6-ка а поискусните 5-ка. Мислам дека за македонските реки одговара 4 до 5-ка за сува,влажна и нинфа.За стримери 6-ка
-шнурот може да биде пловечки
Floating(F),тонечки
Sinking(S),почетокот тонечки а остатокот пловечки
Sinking tip (F/S),неутрален
Neutral(N) и интермедиалниот
Intermediate (I) кој што пловат испод површината но не тонат до дното.Со оглед дека нашите реки се плитки мислам дека за почеток може да се купи пливачки кој со одредени варијанти ќе може да ги "покрие" сите видови на мушичкарење
-исто така се означува и обликот на шнурот.Доколку е здебелен само на едниот крај тогаш е означен со
WF(weight forward).Доколку е здебелен на двата краја тогаш е означен со
DТ(double taper).Има и такви што се здебелени во првите 10 метри а остатокот е монофиламент а се користат за натпревари и на места каде што е многу ветровито,например риболов на море или езеро каде што нема завет од дрва.Се означува со
SH(shooting head) .Мислам дека за наши услови би било добро да се купи здебелен на едниот крај WF
Значи ознаката би изгледала вака WF5F( бројот е во зависност од стапот)
Иначе за сите информации од ваков карактер многу можете да научите од книгата МУШИЧКАРЕЊЕ од Чедомир М.Димитровски