Го пробав нанофилот неделата. Лично сум презадоволен од истиот. Земав 0.08. Земав и еден Daiwa Megaforce 1-9 2,20 должина, на истиот Daiwa Crossfire 500. И не ме трпеше срце да ги пробам, па решив неделата да прошетам покрај Брегалница, да ги пробам. Не издржа срце јуначко, знам дека е забрана. Сакав да пробам и да вежбам малку drop shot техника на ловење. Си се сместив покрај вода, нормално околу мене еден куп рибар и сите пцуеја дека не им јаде скобалот за жива глава. Им реков дека е мрест, само ме погледнаа сите и се мислеа изгледа да се собираат... Или да ме фрлат во река, не можев да дефинирам... Си намотав од нанофилот на машинчето, си врзав јадиче со дупол паломар чвор со оловце 3 грама и зафрлив да видам како иде исфрлањето со нанофилот. Дека не знаев како, не зафрлив многу силно, оловцето летна задоволително далеку... Второ фрлање, сега му запнав малку и оловцето заврши на обалата од другата страна... Среќа што немаше никој од таа страна... Е сега работата е што реката на овој потег е широка околу 30 метри, ако не и повеќе... Така оценивме со еден пријател кој се најде покрај реката... Го извадив оловото, ставив 4 х 0,25 грама, 1 грам тежина, за да видам како би се исфрлало со тапа, дека оваа тежина најчето ја користам на Брегалница... Оловцата за 1 метар не паднаа на брегот од спротивната страна... Кога го влечев оловцето во вода, многу голема осетливост на истиот, буквално се осеќа структурата на дното, влечено низ камењар и песоклив дел... Се осеќаат и најмали препреки... Успеав и да закачам, така да верувајте, огромна издржливост на истиот... Мислев дека трската ќе попуштеше попрва... Седнав покрај реката и ме чешаше како ќе се покаже со риба на него, но никој жив ништо не вадеше и си реков друг ден ќе го пробам, кога пријателот мој извади 2-3 кркушки во серија (истите беа експресно вратени во вода). Земав бели црвчиња од него и ја пуштив на „тешко“ спинерката во вода со 1 грам олово
![Smile :)](./images/smilies/icon_e_smile.gif)
... 10 јадиче и беше интересно да се гледа како врвот игра кога малите рипчиња се обидуваа да го земат црвчето... Кога одеднаш страшен удар и трската буквално падна во водата... Го сецнав кога осетив добри удари... Влечење полека кога оп, скобал... Парче од некои 3-400 грама... Симнување од јадицата, провоцирање на остатокот од рибарите и враќање во вода... И додека со пријателот разговаравме за тоа колку е добар конецот и Megaforce-то за лов на клен во Брегалница, трската со црвчето беше во вода, кога го спуштав скобалот, јадичката сум ја оставил во вода, удар и буквално трската ја фатив во последен момент да не падне во вода... Падна и мојот капитален скобал, должина од над 40 см, за тежина не сум баш сигурен... Полека го довлечкав до мене, а пријателот го фати со кепот... И пак истата слика, провокација и враќање на скобалот во вода... Сефтелисување на спинерка со скобал...
![Smile :)](./images/smilies/icon_e_smile.gif)
... Мислам дека во догледно време нема да користам друг конец...
За време пробувањето на мојата опрема сакам да напоменам дека ниту едно живо суштество не беше посериозно повредено... Знам дека е ловостој и дека може да наидам на понекоја критика, ама не издржа срце јуначко...
![Smile :)](./images/smilies/icon_e_smile.gif)
...