И Shimano Beastmaster 7000 XTA влегува во игра. Ако некој ја користи или се сретнал со неа убаво е да пише нешто
Јас користам нешто многу слично и според мене можеби и подобро со оглед на цената !
"SHIMANO AERLEX 7000 Spod"
https://www.youtube.com/watch?v=9o8pmHx2Uw4
Добри страни :
1. Голема брзина на собирање конец, повеќе од метар со едно завртување на рачката, од есенцијално значење кога прибирате ракета од голема далечина.
2. Бајтранер шпулна, одлична карактеристика но само за маркирање ! При прихранување со ракета нема никаква улога!
3. Машинката има 3 клипа на шпулната, што е одлично и за прихранување и за ситуацији кога се користи за маркиранје. Можете да "клипувате" 3 различни дистанцина една машинка!
4. Добро го реди конецот, солидно за таква машинка !
5. Со својата тежина од 580 грама, во споредба со големината спаѓа во полесните машинки особено кога се работи за Shimano.
Лоши Страни :
1. Шпулната би можела да биде малку поширока како би се овозможило полесно излегување на намотките конец при зафрлување.
2. Недостаток на Super Slow Oscilation System. Овој систем е од исклучително значење кога саката да зафрлите далеку. Кај него нема преклопување на конецот едно преку друго кое смета и ствара отпор при зафрлување и конецот го реди паралелно и многу збиено што овозможува лесно симнување од шпулната при зафрлувањето, од есенцијално значењнје кога се зафрлува на далечина.
3. Иако не спаѓа во тешкаши, сепак може да е и малку полесно да речеме на границата од пола килограм ! Имајќи во обзир дека кога се прихранува стапот и машинката се нон стоп во раце, тежината овде има и те какво значење, поготово кај обилните и долготрајни прихранувања! Иако не сум Фан на Daiwa (да не ме свати некој погрешно, имам и Daiwa машинки во опремата) кога е тежината во прашање, Daiwa е во предност апсолутно!
4. Нема систем за заклучување на преклопникот во отворена позиција ! Иако скоро сите нови машинки имаат таканаречен привиден систем за заклучување, дури и оне од пониската класа, сепак кога се работи за машинка која се користи при силно и одсечно замавнување како кога прихрануваме на далечина, системот за заклучување е и те како потребен. Преклопникот се фиксира делумно но само ако го отворите во десно и дојде до крај пред држачот на машинката, доколку го отворите надолу како што повеќето прават, постои можност да ви се затвори во текот на силно и одсечно зафрлување! (му се случи на мојот партнер сега кога бевме на риболов), па ракетата лета едно 276 метри во слободен лет !
Сe на се, за цената која јас ја платив за оваа машинка (80 Евровизиски), прекрасно си ја врши работата и доколку немате некој поголеми натпреварувачки амбиции од типот "Светски Шампион во зафрлување Ракета на далечина" , топло ви ја препорачувам !