Еден краток осврт и од мене за овој викенд и од мене. Прво да му се извинам на Кременадла што не му честитав на лице место. Честито титула Филип и да ти се множат во сите можни дисциплини.
Во саботата отидовме со Ненад и со Давор на Мавровско езеро, на друга локација, спроти Црн Камен и поминавме убаво, Давор ги растури, Ненад имаше еден удар и едно кинење, а јас се убив од фрлање и ништо не фатив немав ни удар. Попладнето отидовме до Црн Камен да видиме како е со висината на водата, дали има активност, и многу малку пофрлавме. Активноста беше еднаква на нула и знаевме дека и денешниот Спин куп ке биде нешто слично на минатиот со една или две риби со оглед на тоа дека имаше мал број на пријавени. Денеска дружбата беше како и секогаш одлична, што се гледа и од сликите на Сашо. Филип (Мишо, Кременадла) кој како го вика, си извади риба и победата е чиста како солза. Освен мали шали за време на ручекот од ниеден учесник на денешниот натпревар нема да излезе лош збор како победил, зошто победил, приговори, дали рибата била 42,7см или 43,1см. Порибувањето беше врвот на денешниот ден.
Меѓутоа сакам да прашам дали се приметува разлика во организацијата на другите видови на риболов, крапскиот, на пример. Дали видовте на сликите стол, маса, тенда каде би седеле судиите на пример. Не се гледа затоа што нема. Тоа е реалноста за жал во моментот. Терминот за купот беше одреден не повеке од месец дена пред одржување на истиот. И пак на сликите имаше само насмеани фаци, кои риболовот го сфаќаат само како убаво поминато време со пријатели, уживање, дружење.
На крајот сакам да им посочам на колегите крапчии, дека вашите натпревари во последниве неколку години се светлосни години пред на пример спин натпреварот. Имате лига, има неколку локални натпревари, имате порибени води со завидна количина риба, ги имате најдобрите термини во годината за риболов, имате можности и добра, да не речам одлична, организација на светско, балканско, европско или незнам какво првенство, судиите имаат маси и столчиња
. И пак се правите бербат после секоја лига и светско првенство. Погледнете малку околу себе, пак ќе повторам организациски сте светлосни години пред другите. Несакам да бидам погрешно сфатен ама така е. И еден апел до Ицо од убавиот Велес, бидејќи од лани предлага да се најде нова локација за спин натпреварите, да се заложи во Бабуна Велес спин натпреварот да биде на убавото велешко езеро, во термин кога е активен кострежот, смуѓот и догодина во убавиот Велес да имаме вистински празник на риболовот.
Поздравче.
Не ги ставај сите крапџии во исти кош.
Тие што го брукаат крапскиот риболов во преписките,препукувањата и т.н. по форумов,а и на вода, се едни те исти особи,кој за жал го етикетираат во негативна конотација крапскиот риболов во Мк.
Ги има, не само на форумов, повекето крапџии со кој Јас одам на риболов,а и другарувам се Господа во права смисла на зборот.Треба и со такви луге да поминеш еден викенд,па ке ти стане малце по јасно дека во житото има и кукуљ.
Без никаква мисла дека ги посочуваш СИТЕ крапџии поздрав до тебе и се г'леаме на вода.