www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 30, 2024 8:16 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Како да се фати крап ?
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 07, 2011 12:43 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
[ img ]
Тоа е една од најчестите прашања поставувани од страна на сите заразени рибари и потенцијални крапчии. Во пронаоѓањето на одговор на ова основно прашање, понекогаш и основните принципи и знаења за лов на крап, може да се изгубат под постојано бомбардирањето со информации за нови методи, системи, мамци и пристапи за лов.

Па, во сета оваа бркотница, повторно се поставува прашањето, како да се фати крап?

Една од најпрвите работи кои треба да се знаат кај крапскиот риболов е да се менаџираат очекувањата, т.е просто кажано да не забегуваме со оптимистички прогнози и после да се разочаруваме. Фаќање на крап не е лесно, но за многумина, тоа е токму предизвикот. Крапот е доста умно суштество и не е секогаш лесно да се надмудри. Всушност многу познати крапџии потврдуваат дека помеѓу нивните добри и богати улови, стојат многу промашени експедиции.
[ img ]
За почетниците, важно е да се нагласи дека во крапскиот риболов треба да се влезе нежно, т.е да не се оди веднаш на очекувања дека ќе “мавне“ некој од големите, туку најдобро е да се почне од помалите.

Можеби една од првичните работи е да почне да се учи уметноста на лоцирање, фаќање и вадење на крапот. Ова е добро да почне да се вежба на добро порибени води, како што се на пример приватните езерца. Тие се добра можност за почетниците, како некакво предзнаење за моментите кога ќе се соочите со крап на дивите води.На ваквите води има многу поголема можност да добиеме повеќе удари на крап, а повеќе удари на крап значат поголема можност за да се стекнеме со разноразни знаења каде удира, а каде не, да почнеме да вадиме првични прогнози зошто ни удрило на едно место, а не удрило на друго, зошто удрило на еден мамец, а на друг не, зошто удира само на една трска, а на другите не, зошто насабајле удираше, а попладне не сака.
[ img ]
Опремата е важна, но не се залажувајте дека уште на почетокот треба да имаме специјални крапски трски, посебни држачи за трските, скапи сигнализатори, јаки машинки, посебни бојли и сл. Имајте на ум дека крапскиот риболов стана масовна индустрија за продавниците и производителите на крапска опрема и храна, кои се почесто плаќаат добри маркетинг специјалисти кои им спремаат вистински стратегии кои треба да ги убедат читателите дека мораат да имаат ваква или таква опрема/храна за да фатат некој крап. Нека не ве залажуваат.

За да започнете со учење, све што ќе ви биде потребно е да имате посилна трска, средна или поголема машинка, да научите да врзувате основни подвези, да користите појаки јадици, да употребувате пченка како еден од најдостапните мамци за крап и ако ловите на дубинско да си користите ѕвончиња, или да бидете блиску до трската за да не ви ја одвлече некој крап во водата.
[ img ]
Кога веќе сте на вода, искуството ќе си го направи своето. Учете од оние кои повеќе знаат од вас. Ако ловите на техника на која сте ловеле и претходно, немојте да мислите дека ловењето на крап е нешто многу поразлично од ловењето на пример на клен на дубинско. Ќе има многу ситуации кога на вашата мамка ќе удираат и други риби, со тек на времето ќе сватите и зошто, која е улогата на мамците, системите, длабочината на која се бара крапот, големината на мамецот и сл.

За почеток, можете да се потрудите да направите најобичен систем за длабочинско фаќање, т.е фаќање на дно, затоа што крапот најчесто својата храна ја наоѓа од дното. Значи ќе ви биде потребно нешто потешко олово, 10, 20, 30 грама и подвез врзан за “осмица“. Што се однесува до јадиците ако сте во можност користете ковани јадички со број 10, 8, 6, во зависност од големината на краповите кои ги има во водата на која ловите.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како да се фати крап ?
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 23, 2011 12:01 am 
Отсутен
Молчалив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Јан 12, 2011 12:44 am
МислењаCOLON7
ЛокацијаCOLONUsa
Системи кои искусните крапски риболовци ги користат на големо, со кои ќе се спречи замрсување на предвезот, ќе се овозможат далеки дофрлувања, по убаво да се пласира мамецот, и по прецизно фрлање на замисленото место.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON krap..podvodna lisica
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 25, 2011 6:20 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
Vo ovaa tema da gi vidime vasite mislenja dozivuvanja vo kraskiot ribolov, zosto bas nego go smmetaat za podvodna lisica..

Jas mislam deka totalno se u pravo sto mu go dale toa ime i go zsluzuva, neoficijalno,, oseka hrana na golemo rastojanie vo vodata i brgu ja naoga, se smeta deka ima pogolem miris za 10 pati od najakoto kuce tragac vo svetot, na odalecenost od 60 metri od obala dodeka se hrani ako mu zatvoris vrata od kola on veke ne e na mestoto, i red dr slucuvanja sto se odnesuvvat do nego..jas sum dosta pretpazliv dodeka lovam na divaa voda, a i site sto lovele so mene go naucile toa pravilo uste u prviot vikend..

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: krap..podvodna lisica
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 29, 2011 1:57 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Ное 26, 2011 2:40 am
МислењаCOLON514
ico ima i drugi kako da kazam raboti koi sekoi den se otkrivaat za krapot....toa go objavuvaat tie firmi koi postojano istrazuvaat i testiraat razni vidovi hrana....Ima edna osobina na krapot koja ne znam da li mu e bas dobra ili ne?

Po konuzmiranjeto na hrana ,zrnesta ili praskasta toi postojano doagjka na isto mesto za hranenje i bukvalno go pamti i koga ne muse frla poveke hrana ..no bitno e deka posle da kazam 5 -7 dena od posledno jadenje...on go bukvalno snimil mestoto i marsutata vo baranjeto na hrana e da pomine na mestata na koi veke si jadel ubavo bez opasnost od nepriliki.
Toa go drzi dosta dolgo vo da kazam svojata memorija..i iskusni krapovi bukvalno preziveale poradi SNIMANJETO i PAMTENJE vo memorijata bezbedni mesta za jadenje....Malku e cudno no toa go objavija nekoi od holandija.. :roll:
uste edna pricina zosto e lisica...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: krap..podvodna lisica
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 29, 2011 6:59 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
Da vo pravo si toa go pravi stalno, mene mi se ima sluceno da hranam na velesko2 dena so edna vrsta na boila, za vikend se pakuvam zimam edno paketce boili od frizider..za zal go promasuvam paketceto..druga boila.. i trgam na ezero..montiram stavam pva gi frlam trskite bez da mirisnam ili da posumnjam deka sum gi zgresil boilite..

24 casa ni tit, slucajno go gledam keseto gledam mnogu boila a predhodno ranev 2 dena gi mirisam i sto ke vidam..

boili sto sum gi vratil od nekoj ribolov, palenje kolata nazad po taa boila sto hranev, i sabajleto dobiv 2 ubavi ribi ..so ova sakam da kazam deka e dosta pretpazliv pa i na hranata sto ja zima..poz

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: krap..podvodna lisica
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 01, 2011 12:48 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Ное 26, 2011 2:40 am
МислењаCOLON514
Razlikuva li boi ili samo formi ma mamci ?
Slusnav na nekoi komercijali stavis li topce/boila/ ne udira a istata aroma vo nepravilna forma /so noz izdelkana istata boila od strana/dava rezultat....Za boi mislam deka ribite ne razlikuvaat boi....toa e samo prekrsuvanje na svtelinata vo voda.. :?: :?:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: krap..podvodna lisica
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 01, 2011 2:19 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
za dali razlikuva boi mislam deka ..ne..bar taka imam slusano ali ne veruvam i vo toa..

A so sigurnost znam deka slabo gleda, vo sprotivno ima jak miris, i sto e nainteresno se smeta za eden od 10te slatkovodni ribi na planetava koi imaat najgolem oset..

Amurot ima slab miris mnogu poslab od krapoot, pa sprotivno od nego poznava boja i mnogu poveke gleda...zatoa stalno koga ke zakacis amur, on najborben e na krajot na samata obala, najdobro se vadi i najsigorno koga ne se pravat nagli dvizenja dodeka go vadis samo strplivo i smireno ....

;) ;) ;) ;) ;) ;)

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: krap..podvodna lisica
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 01, 2011 2:29 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
NATURALE НапишиCOLON
Razlikuva li boi ili samo formi ma mamci ?
Slusnav na nekoi komercijali stavis li topce/boila/ ne udira a istata aroma vo nepravilna forma /so noz izdelkana istata boila od strana/dava rezultat....Za boi mislam deka ribite ne razlikuvaat boi....toa e samo prekrsuvanje na svtelinata vo voda.. :?: :?:
Za formata na boilite okrugla ima vistina i vo toa, se slucuva na komercijalni vodi kade sto sekoj krap e najmalku 100 pati zakacen izvaden i pusten..

Posle toa on so negovata nikakva memorija kako sto se kazuva, ne deka pamti tuka ja gleda samata forma na boilata i se oseka ne sigoren vo jadenjeto..Se kombiniraat sekakvi boili ..pernicinja triagolnicinja seceni i dr..

Ne odam na komercijali a i ne sum gi sakal od vreme, sum lovel sto sum moral, edinstvena komercijala sto taka bi otisol na natporevar e pelagicevo, koja lani bev na medgunaroden kup so mojot partner Jonce i osvoivme ....2 ro mesto... i 1000 evra nagrada..Ovaa god trgnavme so mojot klub ...Mak Krap ama ...za zal nie 3ca stasavme samo do Beograd..vo nesrekata sreka..pozdrav :? :? :? :? :?

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: krap..podvodna lisica
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 01, 2011 2:36 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Јан 03, 2011 11:10 pm
МислењаCOLON158
Vo princip se sto kazuvate e taka(deka e podvodna lisica,pretpazliv i sl),mada mene mi se slucilo,na Vardar kaj bosancite,15 min otkako ja zacukavme branata(so 8 sipki)da ni udrat 3 krapa(od 2-3,5kg).


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: krap..podvodna lisica
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 01, 2011 2:42 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
Na vardar e drugo momentalno galamenje ke go izmesti od mestoto 100 metra gore dole, ama mu ja kovas branata na ,..VEA...taka se vika mestoto na plitko 3 4 CEKORI pa posle toa nadle dlaboko vir ili sulin, kade krapot e postojano tamu, i normalno otkoga ke se smiri se vraka pa u maticta sdulinot ili virot..

Od 97 god kovame brani narocito ...crveni bregovi... nad seloto sme vadele dosta krap,, ovi dve godini e rasipano mestoto pa letovo gi fakav na olovo.. :D ;) ;) ;) ;)

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum