www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 7:34 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Во потрага по ..КЛЕНОТ.. by Oki ribar
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 03, 2015 11:25 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Река ..ТРЕСКА..Македонски Брод.

Предходниот викенд бевме токму на истото место ,не прелажаа кленовите што беа уловени тогаш па се надевавме дека и овој викенд ке го имаме истото задоволство за да си направиме добар риболов.
Река Треска место каде може да се избегнат летните горештини и во сенките од вегетацијата покрај самата река да се најде спокојно место во сенка за да се има комотен риболов.

Овој пат сонцето не ни фалеше ,имавме облачно и врнежливо време кое за кратко помина и условите за риболов станаа прекрасни.

Ловевме на природни мамци односно што ни ги дава природата и имавме добар успех со нив.
Болонез шест метри ,тапа 8,10,гр конец 18,ка,длабина 70 ,сетина сантиметри.
Водата од поројниот дожд се замати што беше идеално за барање на кленот,со успех извадивме неколку парчиња кои ни го направија меракот и ни даваат надеж за наредното одење.

Природата околу нас прекрасна ,одлично друштво со моиот другар Горан ,жацо ,добро расположени за ловење на рибата.

Би рекол дека треба да се има претходно добро разработена стратегија за на кој начин да бидеме најуспешни,односно да даде резултат самата тактика на ловење на оваа риба,како што гледате ова е селективен риболов баш на покрупниот клен ,со самите мамци го регулираме и селектираме самиот улов ,не сакаме да имаме ситна риба на јадицата затоа се можеби на број помалку ама затоа добри примероци на риба ,не секогаш е битно да се улови сешто него да тоа биоде селективно и добро а најбитно од се е да се има резултат ,за да имаме волја и за наредното одење на вода да се надеваме на добар улов кој за разлика од минатонеделниот беше подобар ,само така може да се напредува во лов на клен .

Треба да си ги согледаш грешките од минатиот пат за да бидеш добар во иднината.

После дождот,една прекрасна гледка на реката треска.

[ img ]

Мојата најдрага трска за ловење која овој пат се покажа како извонреден алат за риболов.

[ img ]

Тапата е пресудна за оваа река,мора со точност да се одреди брзината на возење на тапата не ..пребрзо..не ..споро..токму толку како за ловење на кленот.

Некои од мамците кои беа користени ,капина,слива црвена и жолта ,некоја пијавица и се е можно.
Нормално со пијавицата ловевме на дно ,а останатото се возеше на тапа.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

На самото клипче ке ја видите целата оваа авантура што би ја повторил секојдневно,голема е љубовта да си ..див..односно да бидеш во таа дива природа каде секој од нас си го наоѓа спокојот кој со никоја пара и лек не може да се купи.



Судејки по мене ..рибата на денот ..но сепак и другите беа прекрасни ,не од оние огромните ама сепак за ..почит..кој го лови кленот знае за какви примероци се работи.

[ img ]

[ img ]

Второто парче кое е за нијанса помало но сепак респектабилно,впрочем за мене нема лош клен,само да е клен а не кленче. ;)

[ img ]

Уште еден лепотан пријавен за позирање пред камерата .

[ img ]

Дел од она што ни го презентираше природата и животинскиот свет околу оваа наша прекрасна река Треска,се разбира и изгрејсонцето во неделата наутро.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Се надевам дека некои од наредните викенди ке има добар или барем ваков риболов,ако е некој расположен за добро дружење и прекрасно поминато време покрај вода ..БУЈРУМ..

Поздрав од Оки рибар и Горан ,жацо .
Нека е ..БИСТРО ..за наредното рибарење.

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по ..КЛЕНОТ.. by Oki ribar
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 03, 2015 1:54 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Уф каква убавина,одлични фотки а и супер кленови,браво бато Оки :NotWorthy:

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по ..КЛЕНОТ.. by Oki ribar
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 03, 2015 3:56 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Сеп 11, 2011 8:30 pm
МислењаCOLON1171
ubava selekcija ste napravile :ok_ok:

ako moze nekolku prasanja ;)

taka e snimano ili dosta ulov ste imale noke?


probavte na spining?
ja bi dosol od Ohrid, ama so mene imam samo spin trska.

delot na treska kade sto lovite zasumena vo senki e bas super.
zosto ne lovite vo delot pomegu ulivot na belicka i uliv vo ezero?
provereno drzi pomalku klen ovoj period ili?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по ..КЛЕНОТ.. by Oki ribar
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 03, 2015 4:06 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
И мене ми е криво што неможевме да снимаме ноќе ,две риби се извадени во ден и за едната има снимка,за другата бев далеку од ..жацо.. останатите се ловени преку ноќ.

Спин пробав минатиот пат на истото место резултат ..0..

Накај уливот со беличка е многу плитко и нема услови за риболов,днотое песковито и нема ништо ,овде на ова место длабината е 70 ,80 см и дното е покриено со камен и скоро целото е со крупни карпи каде и се крие кленот ,имавме и доста кинења на олова заради конфигурација на дното ,ама лесно нема ништо резултатот треба да се заслужи.
Две откачувања пред кеп,уште се чудам зошто,и едно кинење на 18,ка конец што беше незнам .

Извадивме дневни карти за ..Треска 2..и затоа не се движевме од беличка накај езерото ,а и лудило е на вакво сонце да си на отворено .

За кленот дали е на делот од беличка до езеро ,сигурно не е ,мое мислење е дека и тој ја бара дебелата сенка добра аерација на водата зошто и над нас и под нас имаше добри брзаци ,навистина дебели сенки само на делови малку отворено ама не смета ние бевме во дебели сенки .

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по ..КЛЕНОТ.. by Oki ribar
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 03, 2015 4:08 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Дек 12, 2013 5:17 pm
МислењаCOLON222
ЛокацијаCOLONСкопје
Bate Oki,za sekunda mi pominaa 9 minuti,vo eden zdiv :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy: Legenda koja hodas


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по ..КЛЕНОТ.. by Oki ribar
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 03, 2015 4:14 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Сеп 11, 2011 8:30 pm
МислењаCOLON1171
da, gledam treska e dosta mala.
super mesto ste nasle, plus senka cel den...
kinenjeto ke da e bas kapitalen klen, aj ke proverite sledniot pat :volku_golema:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по ..КЛЕНОТ.. by Oki ribar
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 03, 2015 4:32 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Другар Синиша не оставам ништо на случајност ,пробано е се во последните три рибарења и секако дека радува тоа што првото одење беше со резултат ..така така..второто веке видно подобро а третото со највеке улов,што значи работата и одлуките што ги носиме со Горан жацо даваат резултат.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по ..КЛЕНОТ.. by Oki ribar
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 03, 2015 5:23 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
да бидеш во таа дива природа каде секој од нас си го наоѓа спокојот кој со никоја пара и лек не може да се купи.

bravo batte oki za ovaa mudra rechenica a i za prekrasnatta reportazha,go razbirash ti ribarskiot zhivot i dobro go zhiveesh ;)
prvatta slika e remek delo :lepi: :~~
mnogu ljubov treba da se sklopi vakvo video :!:

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по ..КЛЕНОТ.. by Oki ribar
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 04, 2015 12:16 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONВто Јан 10, 2012 12:59 am
МислењаCOLON296
Kako i sekoja prethodna taka i ovaa me ostava bez zborovi prekrasno skockano,sekoja cest majstori.Imam i jas edno prasanje ,me interesira kako e nagore po senkive za bojnik dali go ima ili od belicka prema uliv planiram da odam pa sekoja informacija e dobrodojdena.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по ..КЛЕНОТ.. by Oki ribar
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 04, 2015 12:27 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
kolega bubo moja informacija e deka bojnikot e kachen vo potegot od nad mostot samokov nagore po techenietto pozzz i bistro

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 73 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum