Здраво на сите Форумџии.Еве ме и мене со репортажа после успешно завршената учебна година.
Конечно дојде време да им направам сефте на новите машинки и новите трски.
Заедно со татко ми Борче,Деко-Пајо и Зоки решивме да одиме на Ташма, петок пред
стемнување веќе бевме таму.Поради непристапност со возило до планираното место отидовме со
чамец,го наместивме кампот и ги зафрливме трските,на едно место прихранивме со пченка,а на друго место со боила. Кампот од трските беше оддалечен околу 20-ина метри.Се правеше план како ќе се организираме за следното утро.Дојде и утрото,станавме околу 05.00 часот и веднаш сондиравме со татко ми.Прихрана фрлавме со PVA кесички.Повремено,кој имаше мерак си ловеше од чамец,некој од обала,имавме бели црви,црни црви,пијавици,шеќерац,но активноста на рибата беше слаба.Пробавме да фатиме некој клен на воблер,но не бевме успешни.Дуваше некое ветре и активност немаше се до приквечерието кога ветрето го снема и јас отидов да ги префрлам трските.Само што стигнав,слушнав кратки титкања на сигнализаторот,ја кренав трската и осетив неколку удари и си реков конечно фатив риба.Силно викнав по другите дека имам риба на трска,да дојдат да го кепнеме крапот.Татко ми го зема кепот и тука беше првиот крап фатен на Ташма,на пченка,крап од 2.5 кг.
Потоа следуваше префрлување на трските,прихранување само со пченка,а потоа правевме наздравица за уловената риба со надеж дека ќе уловиме поголема риба.Пред да си легнеме,Деко на шала ни вика: Ако е поголем од 10 кг.разбудете ме,ако е помал не ме будете и така си легнавме сите со базата на уво.Утрото,јас,татко ми и Зоки станавме околу 07.00 часот без ниеден удар во ноќта.Додека Зоки вареше кафе,зборовите на татко ми беа: замислете сега да удри некој од 9килограми,ама нема да се лутиме ако е и повеќе од 10 килограми.Тројцата поспани онака си се шалиме и после 5-10 минути не расони звукот ПИИИИИИИИИИП.Со трчање накај трските,јас пред сите,ја направив и втората контра,а во меѓувреме Деко станува од шаторот,трчајќи со телефонот во рака за да не снима.Кога ја кренав трската,земаше конец како луд,крапот беше тргнат нагоре(контра од течението).Полека го носев накај обала,а тој отиде по течението,десно од мене.Додека траеше борбата во главата ми се вртеа мислите како да работам со Quick Drag-от.Секоја секунда ги чувствував ударите и повремено му го пуштав и повремено му го затегав конецот.Наеднаш почна да ми бега во гранките.Го чекавме сам да излезе,затегнат на трската,но не се предаваше толку лесно,па мораше татко ми и Зоки да дојдат со чамецот да ме земат да пробаме да го извадиме.Сега ќе оставам видеата да дозборат понатаму.
Излезе крап од 10.2 килограми,мерен на три ваги.
Радоста беше преголема,незнаевме кој од кого е посреќен,се коментираа сите претходно кажани работи,следуваше и фотосесија.
Еве и две слики од борбата со Убавецот.
Со татко ми,цела година копнеевме за ова место и за тоа да уловиме голем примерок и тоа ни се оствари.
Тоа беше се од овој риболовен излет.Еве и слика од враќањето накај дома
Воедно,би сакал јавно да им се заблагодарам на чичко Сашо за подарените воблери и на чичко Милчо Иванов за пченката и боилата кои несебично ми ги подарија.
Поздрав и Бистро до следната репортажа.
Со здравје и бистро са си ги користиш машинките и трските и само големи риби да ти носат во кеп.
Сега ми направи голем мерак со овој твој излет ,првенецот е одличен одлична риба си уловил ,задоволството и меракот не може да се сокрие ,убаво е да се види насмеано и радосно лице на еден рибар како што си ти.
Едно големо ..БРАВО..за тебе ,секако и за поддршката што ја имаше .
Одлично другар.
П.С.да те прашам што ти е она на масата завиткано во алуминска фолија аааааа
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 91 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум