Во саботата со Марјан решивме да одиме до едно рекиче на 50-60 км од Скопје на кое досега немавме отидено. Рекичето е многу убаво, со бистра вода, живописно, убаво за мушичарска прошетка
Водостојот беше многу низок и рибата беше главно напикана по вировите и кршовите од гранки и паднати дрва.
Отидовме да ловиме клен, а потајно се надевавме дека на тој дел има и по некое пастрмче. Клен имаше, иако многу слабо јадеше и излегуваа само помали примероци како на фотографијата подолу, а пастрмка освен едно мало од 12-13 см, друго не видовме
Најверојатно пастрмката е уште погоре по рекичето бидејќи долу водата не беше многу ладна, како што би сакала пастрмката да биде.
Инаку по вировите гледавме убави примероци на клен од 500 грама па до кило по слободна проценка, и иако буквално пред нос им спуштавме нимфи и други мушици, не беа воопшто заинтересирани за хранење.
Генерално сите улови ни беа на имитации на ларви и терестријални инсекти (мравки, оси, бумбарчиња)
Еве неколку фотографии да се запознаете со новото рекиче
Бистро