Оваа репортажа сега што ке ви ја покажам се случи на 06-07 јуни 2015год. Повекето од членовите од форумот што ги имам на ФБ ги знаат сликиве и видеата но си реков зошто па да не биде и на форум и другите колеги да можат да видат како е на Мавровица.
И така се започна со договор со Влатко да идеме на едно пренокување на Мавровица. Претходниот ден почнавме со припреми и товарање на колата за да утре на 6ти рано сабајле директно да тргнеме. И така и беше, одам го собирам Воци и право на езеро.
Во план ни беше Св.Николска страна или од страната каде што е преливникот, а точно за која позиција одлучивме да видеме на езерото. Стигаме кај преливникот и гледаме дека дува север прилично јак а претходниот ден ни кажаа дека многу дувало исто север. Му викам на Воци да се наместеме тука мора да даде некој крап во камењата па макар и 3кг олово да оставеме.
Така и беше веднаш растоварање, местење опрема и прихранување нормално. Додека се местевме одлучив да правам 2 хранилишта едно на 60м и едно на околу 90тина, измаркирав и видов дека на блиското хранилиште е 2.5м а на другото околу 6м длабочина. Храневме исто и на двете хранилишта.
Ловевме на боили и на шекерац, поголемиот број на риби ги извадивме на дипуван шекерац.
Местење мамци со пва
Прихранувавме пообилно со спод микс
Позицијата на која што ловев
И така си се поставивме, прихранивме и седнавме под јасиката што е веднаш до преливникот и муабет се реде.
За кратко време дојде рибочуварот, си направи контрола малку муабет и си продолжи тој ние си останавме да чекаме. За кратко време скок на крапче на блиското хранилиште. Веке стана 10 и нешто часот а ние ни тит ни ништо едино тоа крапче што рипна беше. Додека го рековме тоа удар на најдесната трска веднаш ја зимам и вадам крапче од околу 1,5кг. не го меривме али одприлика тука некаде, веднаш го откачивме и назад во вода.
Ја префрлив и штамаааааа, тишина нема да затитка. Десно од нас на некои си 300-400м седеа Скопјани, еден од рибарите постар член од екипата кажа дека бил член на форумов и така се запознавме со лугето малку муабет и секој на своите страни. За лугето ми е криво што имаа премногу откачувања, имаа доста удари но за жал премногу откачувања. Исто така имаше и 2 екипи на улив и дознавме од рибочуварот дека имале само еден крап од околу 6кг и многу ситни крапчиња до 1кг.
И дојде време за ручек, поминува 15ч а риба нема ни за лек. Влатко ми вика леле Кико како сме го утнале местото ама јас уште надежта голема му викам, ке дојде Воци мора да дојде.
И конечно тииииииииит, удар, добро е ајде конечно, удар на првата лево удирам контра полека полека го донасам и оп се откачи и викам толку време зашто за да се откачи, но ајде што е наше ке дојде. Само што ја извадив трската од вода само што тргнав да местам мамец, втор удар сега на средната трска повторно на блиското хранилиште, трче Воци ја зима и вика добро е тука е, ајде оставам таа трска зимам кепот и чекам да го донесе и полека полека дојде во кеп
Излезе овој убавец од 5,7кг
И нормално назад во вода
Добро е конечно удар во 17:30ч.
Повторно местам мамец фрлам на исто место и зимам една од тие што се далеку фрлам на блиското хранилиште.
Си велиме добро е сега за сега 2 удари за неполна минута мора да е тука. Ми текна дека имам држач за апаратот го монтирав на род подот и го уклучив да снима, се надеваме дека ке снимиме барем еден RUN.
За неполни 10 мин нов удар повторно на првата лево но срека го бев ставил апаратот на род подот и снима и викам чекај нека влече да го снимиме ударот.
Прв RUNNNNN што сум го снимил до сега
Воци ми вика абе Кико доста е ајде дигај го, ајде полека полека и тој се најде во кепот.
Излезе крапчо од 5,6кг
После сликање, мерење па право назад во вода
Ајде местење трската пак назад во вода и чекаме, возбудени, ајде кафе пиење ова она.
За неполн час околу 18:15ч удар сега пак на средната и за срека и овој ран го снимив ама не толку долго како претходниот
Полека полека и тој во кеп, па сликање, па мерење и нормално во вода да си плива за нареден пат повторно да се видеме
Лепотан од 5,2кг
По некое време ни дојдоа гости моите мали братучеди со фамилијата на шетање и поголемиот Матеј има многу желба со бтако му да иде по риба па за срека додека беа тие присутни повторно удар на првата но за жал по кратко го откачивме поради препреки во водата. Но за голема срека повторно за кратко удар околу 19:20ч но сега на подалекото хранилиште конечно и тамо еден да извадеме.
И ајде да го зараземе и него како што е редот, прв пат доага на риба да виде како е што се прави и веднаш му дадов нормално со моја помош да го извади крапот. Полека полека внимавајки да не се откачи го црпнавме.
Излезе крапчо од 4,9кг и дете пресрекно, ке пукне од срека, и јас срекен што имаше шанса да осети каков е риболовот.
По некое време ми вели, бато јас сега гледам ти зошто толку многу сакаш да доагаш на риба од сега и јас сакам со тебе.
И така полека полека време си тече, гостите си отидоа и ние почнавме да се облекуваме во потопло.
Околу 20ч го имавме последното повлекување и веднаш влегување во препреки и губење на рибата, и по некое време езерото се направи стакло немаше ни да дувне ни да титне. до полнок извадивме уште 2-3 крапчиња по половина килограм и тоа беше се за тој ден. Си легнавме и сабајле рано околу 5ч стануваме кога да видеме дува еден југ еден мутав ветер и одма изгубив надеж за риба. Воци ми вика нема шанси после толку риба мора пак да е тука таа риба мора пак да удре, му викам дај боже да е така. И така си течеше времето ни тит ни мит и околу 15ч му викам да се збираме и да не нема, си направивме кефови еден куп, доста е ке дојдеме некој друг ден.
И така се си мислам да не беше дувнал тој ветер југот колку ли риба ке извадевме за краток период, но тоа е што е, секогаш има наредна прилика да сме живи и здрави.
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 20 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум