За промена ќе направам една фото репортажа, не дека нема што да се пишува, туку дека не знам што да напишам во однос на крапскиот риболов, техниките, мамците, стратегиите итн. Едноставно не знам
Знам само дека моиве дечки ловеа 50 часа, работеа многу, Диме од 50 часа не отспа ни 5 вкупно, фрлаа, префрлаа, хранеа, мислеа, думаа, се радуваа, се нервираа... Мене како за прв крапски риболов и тоа на натпревар, ми беше интересно
Им помагав колку можев во однос на кафе, храна, миење на садови
, морална поддршка и сл. Ги “чував“ кога дремуцкаа преморени, ги будев кога пиштеа сигнализатори надвор, се надевам дека им помогнав колку што можев.
Убав натпревар, убави луѓе по позициите, алал да му е на Дарко Арнаудов, се изнаработе цел натпревар, како машина беше
Крки ги утепа краповите кај него, Кремедална и неговата легендарна гаќа, Иванови до нас, Пеѓа и Класниот со спонзорот Акватика спроти нас...ма супер беше се
Повелете малку фотки, уживајте понеделнички
Најбитниот детал од опремата
Тимска работа
"Run Lola Run"
Диме, неуморен
Дел од уловите (наш најголем улов беше 3 кг)
Имат мат? Имат, ама имат и мраз
Моментот што сите го чекавме
Боксот на Крки и Кременадла
Дрим Тим
Ај Кременадла ненормален со гаќите, ама и Крки не бил ништо поарен... Во најладното да се спие надвор
Камп Бехатон - Арнаудови
Даре со најголемите улови
9,8 кг
8,2 кг
Профа како нинџа во џунгла
Кампот на Пеѓа и Класниот
Предраг се дума... “Ќе фатам ли конечно риба или ќе мора да се јавуваме во Акватика да ни донесат?!?!“
Крајниот бокс на крушевчани
Се моли дотичниот што даваше интервју да ја дополни “репортажава“ со “стручен осврт“
За тие што ќе бидат на 3-ка од втора група, не се грижете, тревата сум ја искосил убаво (фала Арнаудови за српот), нема да се мачите како нас. Во оваа прилика, забелешка до натпреварувачка на МРФ што не им текнало да платат еден локалец да ја искоси тревата на 2-ка и 3-ка (50-60 см висока трева).
Бистро