Прво Крапско Коло акумулација Мавровица 14-17.05.2015
Изминатиов викенд се одржа долго очекуваното прво крапско коло на Мавровица во Свети Николе каде што од 12-сет пријавени екипи учествуваа единаесет а на натпреварот не дојдоа од оправдани причини натпреварувачите на Мрена од Крушево ( Нико, Кире и Велијан) поради висока температура и неможност да дојдат на натпреварот. Така од старт се знаеше дека ќе има 11-сет бокса.
По програмата сите екипи се собравме во договореното време и се започна со пополнување на пријавите.
Судиите ги објаснија правилата, начинот и времето на прихранување и се започна со извлекување најнапред за групите (прва и втора група ) за второ и трето коло.
По ова се пристапи и за влечење на позиции на кои ќе ловиме. Така нас ни се падна да ловима на 3-ка а еве ги и остатнатите.
Ова е поглед на нашата позиција од 2-ка
А оваа слика е од нашоит бокс.
По самото влегување во боксот се започна со отварање на опремата и најпрвин маркирање и чешлање на подводниот дел на кој треба да ловиме и исцртување на подводна мапа. Одлуката паѓа да ловиме на 80-сет метри и на 25 метри, блиско и далечно хранилиште. По самиот страт на натпреварот со по две трски сме на двете хранилишта и ова блиското го храниме со чатал и топчиња а на далечното храниме со средниот спомб. Припремената храна ни беше спод од повеќе видови на пелети ( различна гранулација и различен тип на топење) шеќерац, варен спод, дробени боили, и сето тоа полиено со одредени ароми.
Како што претпоставувавме после толку лупање, трескање, хранење и префрлување, риба треба да добиеме доцна вечер така и се случи. Првиот удар го добивме рано сабајлето во 03 часот а за еден час подоцна и вториот крап во 04 часот. Така на утринското мерење ги вагавме овие два крапа кои тежеа 6,91кг. Од листата видовме дека сите останати екипи поминале слабо со улов до ова мерење.
До наредното мерење го имавме и овој убав крап од 8,22кг. Овде веќе се гледа дека рибата почнува да работи.
По ова повторно мир и никаква активност од било какво титкање или скок. Така на наредното мерење ние стоиме на исто ама затоа комшиите на двојка имаа прекрасна риба од 16,230кг.
По ова мерење кај нас го имаме и овој шарко од 6.4кг.
Бо овој период почнува да дува ветер во лице и почнуваат бранчиња на нашата обала. Го искористуваме моментот и со континуирано хранење и вадење на риба успеваме да избиеме на убедливо прво место. За жал во овој период не сликавме ништо туку константно се работеше. Се на се имавме 20 удари од кој две мали откачени крапчиња и едно кинење на убав крап поради наше невнимание и 17 успешно извадени риби
Ова може да се види и од следните мерења.
Еве и некоја слика од комшиските боксови и нивната елеганција кога се вади крап.
Интересен е податокот кој се случува на сите натпревари кога натпреварот трае 72 саата, а тоа е разликата која се прави за последниот ден. Погледнете ја разликата за последните 24 часа кај нас од 33 на 64кг. кај тафта и спаива од 4.5 на 30кг. кај Бабуна (Тони Дуката ) од 8,5 на 23кг. Кајсторовски од 9,3 на 15,4кг.,
Се на се одличен натпревар каде што 11-сет екипи уловија 214.910кг крап што е за респект и поздрав.
По крајот на натпреврот официално соопштување на резултатот, честитки, прегратки и порака
Бистро во второто коло