РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
Веќе 2-3 години риболовците се фалат со улови од пастрмка на Црн Дрим, а јас дури оваа година прв пат целно се обидов да уловам пастрмка и после неколку неуспешни обиди успеав да се запишам со улов
Прво еве некоја фоторафија од Црн Дрим од завчера:
Еве и едно видео од тој дел на Црн Дрим:
Завчера форсиирав блинкери, најмногу Mepps
И еве го резултатот, една мала пастрмка кој беше фатена на сите три јадици и ми требаа неколку минути за да ја откачам, па на крај многу ја оштетив и решив да ја земам. Сепак беше во мера, ама посреќен ќе бев ако ја вратев.
Денес не ме држеше место и после работа повторно отидов на Дрим. За денес решив да форсирам воблери, да видам како ќе се покажат тие.
Започнав со Ugly Duckling:
И еве го резултатот после само 5-6 зафрлања и тоа на истото место каде што пред два дена ја фатив и првата пастрмка:
Откако ја пуштив оваа пастрмка, се поместив на првото наредно место погоре од ова и веднаш имав уште еден удар, ама овој пат беше навистина силен удар, но рибата веднаш се откачи и не знам дали беше пастрмка или клен.
Овде уште би напомнал дека и двата дена риболовот ми траеше по само час и половина, односно до 18.00 часот сум на работа, во 18.30 пристигав на вода и ловев до 20.00 часот, а ударите ми беа само во првите неколку минути од пристигањето на вода, а после тоа мртвило.
Бистро колеги и се надевам дека ќе имаме почесто репортажи со пастрмки од Црн Дрим, а и со капитални риби
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
Е тоа е предноста на мал град
Ама и тоа не е за секого, како беше онаа реченица од „Степски волк“ на Хесе ..... „не е за секого, само за лудаци“
Прашање на време е кога ќе ме избркаат од дома, ама се надевам дека заедно со опремата ќе летам
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
РегистриранCOLONЧет Aвг 16, 2012 10:10 am МислењаCOLON923
Emil probaj rano odsabajle na istata shara(bubamara) ama na zholta osnova i kasno popladne,preku den na belata osnova,moeto iskustvo mi pokazhalo za dobitna kombinacija.Bistro. :saso:
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 26 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум