www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 9:30 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 12, 2015 1:52 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Беличка река, онаа Струшката, е притока на Црн Дрим. Извира во близина на највисокиот врв на планината Јабланица и поминува низ селото Горна Белица, па поминува во близина на селото Вишни, за на крај да понира над селото Долна Белица каде кога е голем водостојот останува еден мал дел од водата. Оваа река е мојата прва искрена љубов, река која пред повеќе од 10 години многу често ја посетував и љубоморно си ја чував за себе. Риби имаше премногу, не многу големи, ама навистина реката беше преполна со риби. За 3-4 часовен риболов можеше да се уловат по 20-30 пастрмчиња од околу 100-200 грама, ретко кога некоја од околу 300 грама. Никогаш од таа река не сум земал риба дома, ниту сум помислил на такво нешто. На оваа река научив што значи да се почитува рибата и реката, научив што е фати-пушти и тоа она од срце а не од помодарство или за пред народ, научив како треба да се однесувам со природата за да ми пружа поголеми задоволства .... овде многу нешта научив, и добри и лоши. На и околу реката не можеше да си види никаков отпад, ниту пикавец од цигара, просто да си помисли човек дека тој е првиот што стапнал таму. Оваа река во тој период ја порибував сам, со свои средства, и тоа неколку години по ред.
Но .... пред десеттина години на таа река неколку луѓе, односно Фијат Цаноски и уште неколку негови пријатели од с. Октиси, почнаа да прават ловџиски колиби. Ловџиските колиби на почеток изгледаа многу симпатично, беа изградени на дрво и од дрво, убаво место за секој што дошол таму да може да седне и да одмори. Малку подоцна истите тие, финансиски моќни, пробија пат од Октиси до реката. Почнаа да доаѓаат повеќе луѓе. Почнаа да се градат куќи наместо колиби, да куќи со цигли и бетон. Почнаа да доаѓаат многу луѓе, да не речам цело Октиси за викенд се преселуваше таму. Децата, но и возрасните, на најразлични начини ги ловеа пастрмките од реката, со вилушки ги бодеа, со преградување на реката и пуштање на водата по друго корито. Па почнаа да го менуваат целиот тек на реката за да си направат базени пред куќите кои ги градеа .... И да не пишувам веќе зошто се нервирам. Таму ја слушнав и најголемата глупост што во мојот живот сум ја слушнал, едни деца кога ги видов како ловат пастрмчиња со големина како маломерни плашици и кога ги прашав зошто ги ловат толку мали пастрмчињата, го добив следниот одговор: „од овие правиме црви за да одиме Глобочица на риби“. Ова беше врвот на човековата глупост, па во тој момент буквално избегав од реката по еден стрмен терен каде и сам не знам како се качив до асфалтот. Во моментот се осеќав како да ми го убиваат најмилото.
Не се сеќавам точно кога почна да функционира водоводот од таа река, но паралелно со изградбата на куќите покрај реката, се градеше и водовод за Струга, односно требаше од изворите на реката да се земе вода како дополнение на постоечкиот водовод. Водоводот се изгради и почна да функционира, а јас од моментот кога ја слушнав „генијалната“ реченица немав храброст да отидам на таа река и да видам што се случува. Едноставно сакав да си ги задржам убавите сеќавања од реката. Но, еден ден пред 7-8 години повторно решив да одам и да видам што се случува, дали можеби не и земале многу вода на реката и можеби луѓето што оделе таму се откажале од своите куќи .... ах пуста надеж. Кога отидов пак ја затекнав истата ситуација со луѓето, а водата од реката беше преполовена. Тоа беше последниот пат што отидов на таа река, до овој викенд. А во меѓувреме на реката беа изградени и две мини хидоцентрали, иако воопшто не ми е јасно што тие мини хидроцентрали произведуваат и колку придонесуваат во Државава, дали произведуваат струја колку за 2-3 сијалици или евентуално за едно домаќинство, кој ги знае.
Бидеќи е забрана и за скобалот и за кленот на Црн Дрим, со Јулио решивме викендот да го посветиме на риболов на пастрмка. Прво, неделата утрото си ја пробавме среќата на Дрим кај с. Враништа, но без успех.
После неколку часовен безуспешен риболов на Црн Дрим, по иницијатива од Јулио падна договор да одиме на Беличка река.
Стигнавме таму, Јулио на спин се обиде да улови некоја пастрмка и успеа една да ја излаже, а јас повеќе сакав да си евоцирам спомени, па поголемиот дел од времето седев покрај река без да риболовам, не дека не отворив трска, носев и спин и мушичарка, па со мушичарката фрлив само во еден вир и толку од риболовот.
Еве некоја слика, колку да ја запознаете ранетата Беличка река, да ја запознаете додека не му текнало на некој да и го зададе и последниот смртоносен удар и да ја снема за секогаш.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]


_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 12, 2015 2:48 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Emil ima li kaj nas nesto ne raneto.. Sepak se pojavilo ripce.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 12, 2015 8:38 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Aпр 07, 2012 9:56 pm
МислењаCOLON534
ЛокацијаCOLONKumanovo
Emil alak neka ti e sto prezbori za temata za koja imas ubavi spomeni, toa sto bilo povece nikogas nema da se vrati ostanuva samo da gledas stari fotografii I spomeni, I da raskazuvas...
za zal site takvi ubavi mests zavrsuvaat na ist nacin-porano ili pokasno...
:(

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 12, 2015 12:12 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Навистина жалосно ...сепак ја би ја искористил секоја прилика да им објаснам на децата (зашто они дефинитивно не разбираат), па и на повозрасните што прават со убивање на толку мали пастрмчиња


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 12, 2015 12:29 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
tragedija,do kade stiga covekovata takanarecena svest.

_________________
...?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 12, 2015 1:54 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Aвг 16, 2012 10:10 am
МислењаCOLON923
Emile,imperijata go vozvrakja udarot-PORIBUVANJE i so toa kje se izlechat ranite a i rekata i sekako ako e vo tvoja nadlezhnost i kontrola.Ubava reportazha. :saso:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 12, 2015 7:29 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Boris НапишиCOLON
Навистина жалосно ...сепак ја би ја искористил секоја прилика да им објаснам на децата (зашто они дефинитивно не разбираат), па и на повозрасните што прават со убивање на толку мали пастрмчиња
Борис, тоа беше пред повеќе од 10 години, а сега не верувам дека уште ловат пастрмки на реката.
Тоа што викаш да им објаснувам .... тоа беше толку масовно, што требаше да се качам на некој камен и да одржам говор за да ме слушнат сите :( . Не дека не направив муабет со неколку од нив, ама никој не ме разбра што сакам да им кажам и си продолжија со истото.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 12, 2015 7:52 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Tvrdko I НапишиCOLON
Emile,imperijata go vozvrakja udarot-PORIBUVANJE i so toa kje se izlechat ranite a i rekata i sekako ako e vo tvoja nadlezhnost i kontrola.Ubava reportazha. :saso:
Да реката е во наша надлежност, ама мислам дека веќе нема никаква смисла да се прави нешто, до толку што веќе не е ни важно кој колку и со што ловел во минатото затоа што нема веќе услови таа река да заживее. Водовод + две мини хидроцентрали .... реката веќе нема ни вода, еве може да се види на сликите и видеото колку вода има сега во неделата и тоа после врнежлив ден во саботата и во период кога сите реки се големи поради топење на снеговите.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Maј 15, 2015 3:20 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Aвг 16, 2012 10:10 am
МислењаCOLON923
emil.matoski НапишиCOLON
Tvrdko I НапишиCOLON
Emile,imperijata go vozvrakja udarot-PORIBUVANJE i so toa kje se izlechat ranite a i rekata i sekako ako e vo tvoja nadlezhnost i kontrola.Ubava reportazha. :saso:
Да реката е во наша надлежност, ама мислам дека веќе нема никаква смисла да се прави нешто, до толку што веќе не е ни важно кој колку и со што ловел во минатото затоа што нема веќе услови таа река да заживее. Водовод + две мини хидроцентрали .... реката веќе нема ни вода, еве може да се види на сликите и видеото колку вода има сега во неделата и тоа после врнежлив ден во саботата и во период кога сите реки се големи поради топење на снеговите.
Ne se otkazhuvaj taka lesno,tie shto gi poseduvaat centralite vo obvrskite im stoi i da poribuvaat,pa pritisni gi malce :filip:
:saso:


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 78 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum