www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 30, 2024 9:12 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 24, 2015 9:19 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
4-то редовно годишно собрание на Рибар 2011, 21.03.2015, конгресна сала Борис Трајковски


1. Извештај за работата на здружението и усвојување на завршна сметка за 2014

Претседателот ги поздрави присутните и го отвори собранието.
Се гласаше за усвојување на дневниот ред и истиот беше изгласан едногласно.
Од страна на претседателот беше презентиран Извештајот за работа на здружението и завршната сметка за 2014.
Сметката на РИБАР 2011 е во позитива за 2014 година.
Претседателот даде објаснување за приходите на здружението, кои се од следните извори
- Членарина
- Форумски лицитации (успешен проект веќе 3 години)
- Државни дозволи (во 2015 очекуваме да биде помала бројката)
- Реклами од сајтот
- Донации од фирми, Солопром 12.000, Вертиго 6.200, Интеграл 9.000
- Котизација за крапски куп (кои се потрошени за организација, награди и пехари)
Тоа се изворите на приходи на Рибар 2011 за 2014 година.

Расходи на Рибар за 2014:

• Донации за порибување
- 10.000 денари за порибување со крап на езеро Трсино, кај риболовното друштво Крап од Виница
- 12.000 денари за порибување на Црничани, пред одржувањето на крапската лига.
- 7.700 за порибувањена на река Брегалница во Штип
- 71.400 кон Шум за порибувања во 2013та и 2014 година. Тука се порибувања на Треска и Вардар за 20.000 денари веднаш после првиот мушичарски куп, потоа порибувањето на Маврово со 16.000 денари, во кои влегува и донацијата од 6000 денари на Давор - Вертиго, порибувањето на Мавровица со 10.000 денари.
- Се вкупно одлив од сметка за порибување изминатата година имаме околу 100.000 денари. Тука треба да се има во предвид дека беше планирано и порибување на Стрежево, река Струмица и некој ревир во Куманово. Стрежево се одложи и очекуваме наскоро да се реализира ова порибување, а исто така очекуваме некој од концесионерите од Куманово и од Струмица да не известат кога ќе порибуваат за да го исполниме и ние она што го ветивме.

Од останатите расходи имаме

• Котизација за екипи во крапската лига - 18.000 денари
• Котизација за една екипа во натревар во дисцилина пливка – 3000 денари.
• Котизација за Куп во пливка “Илинден“ - 1500 денари.
• Крапски куп на Рибар 2011:
- Парични награди 22.000 денари,
- Пехари 5.617 денари,
- Судии 7.200 денари,
- Персонален данок за наградите и за судиите 3289 денари,
- Јадење и кетеринг 12.000 денари,
- Вкупно Крапскиот Куп не чинеше околу 50.000 денари.

• Останатите расходи: за одржување на сајтот и форумот, за регистрација на домејн и хостингот 4800 денари ;
• За годишна членарина во МРФ 3.000 денари
• За Завршна сметка и поднесување до Централен Регистар 2.100 денари
• За снимање на првиот државен спин куп и првиот мушичарски куп 3000 денари на Радован Димитриевски.

По излагањето, завршната сметка на Рибар 2011 за 2014 година беше ставена на усвојување. Истата беше усвоена едногласно.

Гоце Тафта даде краток осврт за учеството на Рибар 2011 на натпреварите во 2014.
Наведени беа учествата на државниот мушичарски куп, државниот спин куп, крапската лига, лигата пливка и пливка купот Илинден, крапскиот куп Илинден, светското крапско првенство во Италија.

2. Доделување на благодарници и награди за 2014

Се доделија следните благодарници и награди:
- Благодарница за посебен придонес кон развојот на риболовот – Радован Димитриевски
- Благодарница и награда за најнадежен млад риболовец – Фико
- Благодарница и награда за репортер на годината за 2014 – Оки рибар
- Благодарници за особен придонес кон остварување на целите на Рибар 2011:
Вертиго Дизајн
Интеграл
Соло-пром
Жаре (Марти Спорт)
Перо (Сара Спорт)

3. Предлог финансиски план за 2015

Претседателот ги образложи очекуваните приходи за 2015:

• Од лицитации повторно планираме да се соберат минимум 50.000 денари.
• Од реклами на сајтот и форумот се надеваме дека повторно ќе акумулираме околу 50.000 денари.
• Од членарини очекуваме околу 15-20.000 денари.
• Од државни дозволи, оваа година ќе бидат многу помалку од лани и очекуваме околу 10.000 денари.

Предлог финансискиот план за 2015 се стави на гласање и едногласно се усвои.

4. Оставка на Златко Димовски од УО, избор на Давор Јакимовски за нов член на УО

Претседателот образложи дека во изминатиот период оставка од Управниот одбор на Рибар 2011 поднесе Златко Димовски. Исто така истакна дека би сакале да му се заблагодариме за целиот досегашен ангажман на Златко, тој како што најави останува во здружението и понатаму ќе имаме соработка со него, но замоли да не биде член на Управниот одбор. Управниот одбор ја констатираше оваа оставка и за нов член на Управниот одбор на Рибар 2011 го предложи Давор Јакимовски.
Предлогот за Давор Јакимовски беше ставен на гласање и едногласно изгласан за нов член на УО на Рибар 2011.

5. Планови за натпревари, дружби и купови за 2015

Гоце Тафта имаше свое излагање околу планираните натпревари за 2015 година.
Натпреварувачите на Рибар 2011 во 2015 ќе земат учество на следните натпревари:
- Крапска лига
- Државен спин куп
- Државен мушичарски куп
Во 2015, Рибар 2011 ќе нема екипа во Лига пливка.
Во 2015 е планирана и организација на традиционалниот крапски куп на Рибар 2011, за локацијата и периодот ќе бидеме дополнително известени.
Исто така планирана е да се одржи една спин дружба после годишните одмори.

6. Планови за порибувања, еко акции, борби и други проекти за 2015

По 6-тата точка, претседателот имаше излагање околу порибувањата. Изминатата година се порибуваше Трсино, Црничани, Маврово, Вардар, Треска, Брегалница, Мавровица, а во план за порибување е Стрежево, река Струмица и некој ревир во Куманово. Претходни години се порибени Козјак, Вардар, Маврово, Беровско езеро, Калиманци, Мантово, Велешко езеро, Глобочица, Црн Дрим, едно езерце во Битола, Црна Река, Треска во кичевско.
Околу порибувањата во иднина ставот на Управниот одбор на здружението е да се порибува на води кои се почувани и води на кои идеме да такмичиме или да организираме некој настан.
Беше даден предлог и оваа година да се пориби Беровско езеро, како и реките Црна река и Црн Дрим.

7. Разно

Под точка Разно се дискутираше за повеќе работи. Претседателот најави голема еко-акција која ќе се изведе во соработка со фирмата Пакомак, при што ќе чисти дел од некоја река или езеро, а акцијата ќе заврши со големо порибување на таа вода.
Се дискутираше за можни локации за државниот спин куп, во игра се Охридско езеро, Крушево, Мавровско езеро, Козјак итн.)
Никола, членот на Рибар кој воедно е член на здружението на телесни инвалиди ја образложи неговата идеја и оваа година Рибар 2011 да организира Куп на инвалиди. Истото беше прифатено од мнозинството и купот ќе биде организиран во текот на април на езерцата во Градски парк во Скопје.
Марјан Ристиќ побара збор и ја образложи својата идеја за едукација на деца, односно неговата желба да се формира една екипа од неколку деца кои тој бесплатно ќе ги обучува и воведе во тајните на пливкарскиот риболов. Проектот наиде на одобрување од присутните и сите членови ќе се потрудат да помогнат за остварување на оваа идеа.

Откако беа исцрпени сите теми на разговор, претседателот Сашо го затвори 4-тото редовно годишно собрание на Рибар 2011.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 24, 2015 9:24 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 04, 2015 10:12 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Делот за собранието на РИБАР 2011 од емисијата Рибарска Вистина


_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum