Вчера, 26.04.15, на големото езеро во градскиот парк во Скопје, се одржа натпревар на глуви лица и лица со телесен инвалидитет во риболов на пливка. Организатор на овој настан беа “ЗРСРК Рибар 2011 Скопје”, во соработка со “ССРИ Кисела Вода” и “Спортскиот сојуз на глуви лица”, како и логистичка подршка од Македонската риболовна федерација.
Прекрасниот сончев неделен ден и мирното езеро го искористија 13 натпреварувачи, 6 лица со телесен инвалидитет и 7 глуви лица. Натпреварот започна со судиската свирка во 9-30, а заврши по двочасовна борба, во 11-30. Натпреварот помина во најдобар ред, со пријателска и ферплеј атмосфера. Потоа следеше мерења на уловот, прогласување на победниците, доделување на медали и награди за тројцата најдобри, како и пехар за првото место. За секој од учесниците следуваше и симболичен рибарски подарок.
Како најдобар се покажа Ненад Милосавлевиќ со 1,085кг, второто место го доби Никица Грујиќ со 1,04кг и третото место му припадна на Ристо Ѓоргиевски со 0,66кг.
Сите учесници беа задоволни од настанот, со желба и мотив за повторно натпреварување во есенскиот дел, во кој се очекува да има двојно поголема посетеност.
Голема благодарност до сите учесници во организирањето и спроведувањето на настанот.
Во продолжение, дел од сликите.
Подготовки и влечење на позиции.
Подготовки и старт на натпреварот.
Следеа и првите виткања на трски и првите улови
Мирно и идилично.
Соодветен третман - редовно менување вода онаму каде што немаше чуварки.
Дел од организаторите.
Голема заинтересираност...
дури и од најмладите членови.
Завршување на натпреварот и мерење на резултатите.
Прогласување на победниците и доделување на пехарот, медалите и наградите.