Мене ме нервираат многууу работи во македонскиот риболов, многу работи во здруженијата, многу работи во МРФ, ама најмногу....најмногу ме нервираат типчиња кои штракаат по тастатура и кои само критикуваат нешто, а они не мрдаат со мал прст....бујрум бе браќа поставете иницијатива, на форум, во здружение некое, во МРФ, било каде, споделете идеја, видете дали имате исомисленици, дали имате поддршка, организирајте нешто, имате куп здруженија уклучете се, има куп концесионери помогнете, сменете што не ви се свиѓа, напрајте ново, преку здружение бујрум влезете во МРФ, земете одговорност таму, кога сакате да смените некого, понудете се вие, или кој сметате дека треба да биде ставен во таа МРФ, понудете концепт, идеја, програма, проекти.......а не како некои.....ај да не вреѓам......
Кога треба нешто да се сработи, да се иницира, да се помогне....МУКЛА....кога треба да се постави газот да се сработи.....“пу пу ја неиграм, јас сум на трибините, вие играјте, ја ќе навијам, ќе пцујам, ќе грицкам семки и ќе кажувам како се игра“.....па до кога така бе ?!......како комшивки на балкон....тантара пантара само...мудрец до мудрец..... заради куп такви....здруженијата ни се такви какви што се, МРФ е таква каква што е, риболовот во МК е таков какво што е.....
јас знам да критикувам и критикувам, ама знам и да придонесам, да иницирам, да вртам телефони, да организирам, да сработам и зад таа моја активност стојат конкретни дела, дописи, иницијативи, акции, иницијативи за промена на закон и куп др.работи и зад тоа стојам лично.....нит сум во МРФ ни ништо....знам и неколкумина други кои даваат голем личен допринос......а за промена на ГОЛЕМАТА СЛИКА ВО РИБОЛОВОТ ВО МАКЕДОНИЈА треба повеќе од вас на трибините да се симнат на теренот и да го испотат газенцето малку, година, две, три, пет, десет....сите заедно да дадеме допринос, да ги промениме некои работи во здруженијата, концесионерите, МРФ, институциите, општата култура на риболовците, .....па после ќе прајме моабет
|