Ако чекаме на Мишо и Уши, ќе дочекаме... Абе едно ЈП е побрзо од вас
http://strezevo.com.mk/novosti-strezevo ... D0%BE.html
На 26.03.2015 година се изврши порибување на рекреативната зона „Акумулација Стрежево” во согласност со риболовната основа за оваа риболовна вода со рибен подмладок набавен од регистриран репроцентар – репроцентарот Топлец-Дојран, кој е дел од Институтот за сточарство (УКИМ-Скопје), со кој ЈП „Стрежево”- Битола има склучено договор за вршење на услуга- „набавка на порибителен материјал”.
Порибувањето се изврши со крап, во количина од 150 килограми, со просечна маса на порибителен материјал од 100-500 грама односно околу 1000 парчиња, а во реализирањето особен придонес дадоа ЗРСРК “Рибар” 2011 – Скопје.
Според динамиката и предвидените активности, порибувањето во календарската 2015 година ќе се изврши уште два пати и тоа во периодот септември-декември.
Порибувањето претставува обврска од „Договорот за давање под концесија на риби за организирање на рекреативен риболов (2012-2018година)“ но истовремено е искрена заложба на претпријатието во насока за збогатување на рибниот фонд во рекреативната зона „Aкумулацијата Стрежево” на задоволство на сите љубители на риболовот и рекреативните риболовци.
Јавното претпријатие „Стрежево" – Битола согласно своите надлежности и планови, веќе четврта година по ред превзема активности за порибување на акумулацијата „Стрежево" со единствена цел - збогатување на рибниот фонд на акумулацијата.