Едвај чекам да поминат овие 13-14 дена. Па да видиме колку за мегдан сме. Па да си направиме календарче по ЈУС.
Едвај чекам да порибат. Едно 400-500 кгр. во Мавровица и едно 300-400 кгр. во Крушевско.
Едвај чекам да ги вкрстам стаповите со Диме и Тафта, со Предраг и класниот, со Крки и Кременадла, со Милчо и со Флоре и Ристе, Шиме и Максим, со Зоки и Оливер, со стариот вампир Кајстор и со Боки и можеби уште некој Велешанец.
Едвај чекам да запиштат сигнализаторите, да скокнам до небо и да удрам една силна контра, да ми зоврие крвта кога ќе почне конецот да се одмотува.
Едвај чекам да црпнам крап и да се изнасликам, прво на Пелагичево, а после, што господ даде.
Едвај чекам.
За оние кои се премислувате. Имате уште време и шанса да настапите во уште една драма, комедија, трагедија, трилер или страотна акција. Имате шанса да создадете идни спомени, за кои многу ќе раскажуваат.
Како викаат : Не е исто, од една страна, да ја пишуваш или читаш Историјата и од друга страна да ја создаваш.
eeeeeeeeeeeeeeej kego tettovirram textov