www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 11:40 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123456»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON ,, BIG BLUE ,,
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 16, 2015 7:33 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Овој викенд повторно се договоривме за спин на море.
Со мали измени во екипата, наместо Срѓан, Ненад и Петраки дојдоа Пирати и Синиша ЦТС клен. Јас и Игор Синоок сме стандард.
Тргнавме малку порано околу 2,30 од Скопје, ненаспани или воопшто неспиени, сепак едвај чекавме да стигнеме до тоа ,, големото плаво,,
Стигнавме точно на изгрејсонце
[ img ]

Познато место и позиции.
Баш на овој ќош пред две недели на Петраки после голема борба му се откачи еден капитален леврек од некојси 3 кг.

[ img ]

Тамо останаа Синоок и Пирати, јас и Синиша отидовме малку подолу.

Не поминаа 20 минути и гледаме нешто се случува кај Игор

[ img ]

Добро ај да не трчам по камењава за џабе, ама гледам детево се мачи

[ img ]

А и погледиве кажуваат ,, абе доаѓај ваму,,

[ img ]

а и се слушаат гласови ,, голем е ,, ,, полека умори го ,,.
Ајде, да видам што се случува.

[ img ]

Игор веќе го легнал, здраво го уморил, ама се гледа огромен леврек.

[ img ]

Ај прво што не можеше да влезе во кепче ама и кога влезе самото кепче толку се искриви што мораше да се држи напред.

[ img ]

Сликиве дефинитивно не можат да ја доловат неговата големина

[ img ]

Подоцна дознавме дека е долг 68 цм и тежок 3,4 кг.

[ img ]

Прекрасна риба во големина која тешко се гледа и плус уловена на спин техника од обала.

Подоцна Игор извади уште еден помал

[ img ]

[ img ]

Па потоа јас имав удар

[ img ]

За жал овојпат рачката од кепчето не се извитка толку

[ img ]

Сепак убав леврек

[ img ]

[ img ]

И после затишје. Можеби два саати немавме удар. Леврекот е познат по тоа што јаде одреден период во денот, обично наутро или навечер. Го знаевме тоа ама сепак се трудевме да уловиме уште некој.

И на кој друг ако не на Игор повторно му се насмевна среќата. Веројатно и заради неговата упорност но и затоа што Игор реално најмногу акаше да улови. Цело време му се гледаше тоа во ликот и цело време поднасмеан.

[ img ]

А можеби и затоа што го имаше коњакот од воблер за тој ден. Сите три левреци ги извади на еден ист воблер.

[ img ]

Верувам дека уште синоќа овој воблер Ima hound 125 F во оваа боја е искупуван од интернет продавниците.

Јас мојот леврек го фатив на Duel Hardcore Heavy Minnow 70 S.

[ img ]

Останавме уште некое време но веќе фати пладне и морето се потсмири, требаше да решиме дали да чекаме уште 5-6 часови до предвечер или да се враќаме.
Решивме да посетиме уште една локација, чисто да знаеме за некој нареден риболов.

[ img ]

Морскиот спин не не лесна работа. Бара нонстоп зафрлување и на моменти прилично агресивно водење на мамците.

[ img ]

Па така да некој од нас и се уморија
Или пак сакаа да уживаат во убавините што ги пружа ова ,, ГОЛЕМО ПЛАВО ,,

[ img ]

Дечки секоја чест за убавиот поминат ден во риболов.
Ќе одиме повторно .....

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ,, BIG BLUE ,,
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 16, 2015 7:49 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Mozam da kazam samo ..ODLICNO ..sekoja cest za site prisutni vo reportazava.

P.S. mi se pravi merak koga gledam vakvo nesto :~~ :~~

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ,, BIG BLUE ,,
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 16, 2015 7:56 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aвг 22, 2011 9:47 pm
МислењаCOLON130
Bravo, :~~ ,uzivanje...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ,, BIG BLUE ,,
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 16, 2015 8:05 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Ја нема да кажам браво додека не видам клип каде што чури машинката :evil: , посебно што гледам дека по двајца сте се поделиле,...следниот пат потрудете се да се доловат овие ретки, а толку посакувани зуења


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ,, BIG BLUE ,,
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 16, 2015 8:08 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Maј 14, 2012 4:06 pm
МислењаCOLON243
ЛокацијаCOLONМаврово
Браво мајсторишта!!! :~~ :~~ :~~

Ептен мерак ми направи репортажава, сте имале одличен ден.

_________________
If i'm not fishing, i'm thinking about it!

www.ribar.com.mk


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ,, BIG BLUE ,,
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 16, 2015 8:10 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 20, 2012 7:24 am
МислењаCOLON684
Мене апарат не ми се фаќаше откако ја фатив првата риба, најискрено, не можев да се соземам. :D

_________________
I can be hopeful out here even in failure because I know if I just go out there, it might be different, something might be different, something I do might make a difference.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ,, BIG BLUE ,,
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 16, 2015 8:13 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Maј 14, 2012 4:06 pm
МислењаCOLON243
ЛокацијаCOLONМаврово
sinooksk НапишиCOLON
Мене апарат не ми се фаќаше откако ја фатив првата риба, најискрено, не можев да се соземам. :D


ЛЕГЕНДОООООО ! :D

_________________
If i'm not fishing, i'm thinking about it!

www.ribar.com.mk


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ,, BIG BLUE ,,
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 16, 2015 8:15 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
а Пирати...и он ли неможеше да се соземе :D ....ја затоа камерчето на глава си го носам спремно, има ли акција, мала приземност, клик едно копче и терај убајните,......ама тие една, две, три, пет минути ќе завршат.....ако ги снимиш дома кога ќе си пуштиш пак ќе проаѓаш низ истите моменти...., а и ние на Форум ќе се дразниме повеќе.. сигурно имало добри дрилови...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ,, BIG BLUE ,,
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 16, 2015 8:16 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 20, 2012 7:24 am
МислењаCOLON684
Имаше неколку убави дрила, особено кога го донесов прв пат до брег, кога не виде со Дриљон како го чекаме, ко метак назад во морето збриша :D

_________________
I can be hopeful out here even in failure because I know if I just go out there, it might be different, something might be different, something I do might make a difference.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ,, BIG BLUE ,,
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 16, 2015 9:02 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Maј 09, 2013 7:14 pm
МислењаCOLON703
Ova se momenti za pametenje
Bravo za ekipata i za ulovenite ribi
Reportazata vleguva vo konnkurencija za Naj reportaza za 2015
:thumbs_up:


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123456»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 43 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum