Овој викенд повторно се договоривме за спин на море.
Со мали измени во екипата, наместо Срѓан, Ненад и Петраки дојдоа Пирати и Синиша ЦТС клен. Јас и Игор Синоок сме стандард.
Тргнавме малку порано околу 2,30 од Скопје, ненаспани или воопшто неспиени, сепак едвај чекавме да стигнеме до тоа ,, големото плаво,,
Стигнавме точно на изгрејсонце
Познато место и позиции.
Баш на овој ќош пред две недели на Петраки после голема борба му се откачи еден капитален леврек од некојси 3 кг.
Тамо останаа Синоок и Пирати, јас и Синиша отидовме малку подолу.
Не поминаа 20 минути и гледаме нешто се случува кај Игор
Добро ај да не трчам по камењава за џабе, ама гледам детево се мачи
А и погледиве кажуваат ,, абе доаѓај ваму,,
а и се слушаат гласови ,, голем е ,, ,, полека умори го ,,.
Ајде, да видам што се случува.
Игор веќе го легнал, здраво го уморил, ама се гледа огромен леврек.
Ај прво што не можеше да влезе во кепче ама и кога влезе самото кепче толку се искриви што мораше да се држи напред.
Сликиве дефинитивно не можат да ја доловат неговата големина
Подоцна дознавме дека е долг 68 цм и тежок 3,4 кг.
Прекрасна риба во големина која тешко се гледа и плус уловена на спин техника од обала.
Подоцна Игор извади уште еден помал
Па потоа јас имав удар
За жал овојпат рачката од кепчето не се извитка толку
Сепак убав леврек
И после затишје. Можеби два саати немавме удар. Леврекот е познат по тоа што јаде одреден период во денот, обично наутро или навечер. Го знаевме тоа ама сепак се трудевме да уловиме уште некој.
И на кој друг ако не на Игор повторно му се насмевна среќата. Веројатно и заради неговата упорност но и затоа што Игор реално најмногу акаше да улови. Цело време му се гледаше тоа во ликот и цело време поднасмеан.
А можеби и затоа што го имаше коњакот од воблер за тој ден. Сите три левреци ги извади на еден ист воблер.
Верувам дека уште синоќа овој воблер Ima hound 125 F во оваа боја е искупуван од интернет продавниците.
Јас мојот леврек го фатив на Duel Hardcore Heavy Minnow 70 S.
Останавме уште некое време но веќе фати пладне и морето се потсмири, требаше да решиме дали да чекаме уште 5-6 часови до предвечер или да се враќаме.
Решивме да посетиме уште една локација, чисто да знаеме за некој нареден риболов.
Морскиот спин не не лесна работа. Бара нонстоп зафрлување и на моменти прилично агресивно водење на мамците.
Па така да некој од нас и се уморија
Или пак сакаа да уживаат во убавините што ги пружа ова ,, ГОЛЕМО ПЛАВО ,,
Дечки секоја чест за убавиот поминат ден во риболов.
Ќе одиме повторно .....