Ќе бидам краток,оти нема кој знае што да се напише
Тргнавме јас ,Јупи и Дацо да видиме дали ќе прелажеме некоја штука,знаејќи дека условите не се добри,т.е.реките и каналите се во многу катастрофална ситуација.Никогаш не биле со помалку вода.Плус водата бистра и треви и лисја по дното како килим.Мора да заврне јако,да се испере талогот,да се качи малку вода,да се качи бела риба по таа вода,а со тоа да се ослободи и штуката и послободно да мигрира и напаѓа по пленот.
Како и да е,отидовме пробавме и се вративме
Вечерта припрема на кампот и жр мр некоја колбаса,салатка,ракија
ако нејќе риба-сакаме ние
Опремата повеќе од пола не ја ни употребивме,но за сметка на тоа видовме дека не пука на -6
Збор два за самиот риболов.
Пробавме на многу различни води,секаде и на жив мамец и на спининг.
Фативме по некоја залутана риба,меѓу кои вреди да се спомене за една ,која воедно е капиталец и прав трофеј.
Прво нешто за загревање
И на крај фотосесија со една многу грда,стара баба штука
Не и одолеја на кашиката
Дигиталната вака застана на 5,500 кг.
Чик погоди-нешто вири
у средина
И за крај поздрав од едни луди биволи,кои трчаа со рогови у комбе директно,не знам како успеав да им побегнам.Ги бранат младите и напаѓаат цело комбе.
sokcevo e najsimpaticen so stukava..neka batali krap...