ПО ЗАКОН ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ ЧИНИ 400 ДЕНАРИ И СЕ УПЛАЌА НА СМЕТКА НА МРФ!!! Тоа дали сакам да бидам член на некое здружение тоа е моја работа и нема никаква врска со вадењето на легитимација. Еве јас две години вадам преку Рибар 2011, си уплаќам 400 денари на сметка на МРФ и си добивам маркица (дури здружението ми ја доставува бесплатно на домашна адреса по пошта), а не сум член на здружението. Според мене тоа е присилување на луѓето бидејќи мора да извадат маркица (легитимација) па мора и 100 - 200 денари за членарина за здружението да платат. ПАК СПОРЕД ЗАКОН: ЧЛЕНУВАЊЕТО ВО ЗДРУЖЕНИЈА Е ДОБРОВОЛНО, А НЕ ОБВРЗУВАЧКО!!!
Само тоа е, кога нема институции да застанат зад тебе тогаш ќе бидиш оставен на „добрата воља“ на здруженијата, па ако се погоди некое кое несака да те „стрижи“ тогаш ОК, ако не...
И со легитимацијата ќе може само да се “сликаш“, а да ловиш риба ЈОК
зошто во чл.20 од Статутот на МРФ пак стои ова :
Незнам што е поентата да се збунат луѓето или што ???
Цитираниот член од статутот на МРФ во најголем дел е глупост кој некој така си го пишал кујзне од кога. МРФ нема никаква ингеренција да одлучува кој во колку здруженија ќе членува и како се одредува кое здружение колку членови има, се одредува преку пристапници, а регистарот на МРФ е регистар на извадени легитимации.
Статутот на МРФ има куп работи кои се некоординирани со актуелните закони, ама ваљда еден ден некој и на тоа ќе се сети и ќе го измени статутот. Иначе Статутот на МРФ е исто што и Статут на било кое друго здружение и како акт е далеку под законот, а во Законот за рекреативно да риболовиш еве што пишува (никаде не се спомнува членување во здружение, туку само Легитимација и Дозвола). Бујрум
Член 49
(легитимација за рекреативен риболов)
Рекреативен риболов може да врши лице кое поседува легитимација за рекреативен риболов.
Легитимацијата од ставот 1 на овој член ја издава федерацијата од членот 80 на овој закон со времетраење од една календарска година и се продолжува за секоја наредна година.
Во зависност од реалните трошоци потребни за изработка на легитимацијата на предлог на федерацијата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го одредува надоместокот за нејзиното издавање на и/или продолжување.
Остварениот приход на годишно ниво од легитимациите федерацијата го наменува за:
- 70% за реализирање на работите од член 82 од овој закон,
- 30% за Буџетот на Република Мекедонија уплатени најдоцна до 31 декември за тековната година.
Федерацијата остварениот приход од ставот 4 алинеја 1 на овој член го реализира по предходно поднесена и одобрена програма за реализација на работите од членот 82 на овој закон.
Со програмата од ставот 5 на овој член федерацијата доставува и писмен доказ за уплатени средства во Буџетот на Република Мекедонија од ставот 4 алинеја 2 на овој член.
Програмата од ставот 5 на овој член федерацијата ја доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 15 јануари во тековната година и истата најмалку содржи планирани активности и потребни средства за реализација на активностите за тековната година.
Доколку остварениот приход на годишно ниво од ставот 4 алинеја 1 на овој член не е доволен за реализација на активностите предвидени во програмата, истите активности федерацијата треба да ги предвиди во програмата за наредната година.
Формата и содржината на образецот на легитимацијата за рекреативен риболов и начинот на нејзинот издавање го пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Член 50
(дозвола за рекреативен риболов)
Рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони се врши врз основа на дозвола за рекреативен риболов.
Дозволата за рекреативен риболов може да биде:
- годишна за сите риболовни води во Република Македонија - државна дозвола,
- годишна за одреден риболовен ревир и рекреативна зона,
- петнаесетдневна,
- седумдневна и
- еднодневна.
Дозвола за рекреативен риболов се издава на лице кое поседува легитимација за рекреативен риболов.
По исклучок на став 3 од овој член дозвола за вршење рекреативен риболов без поседување на легитимација може да се издаде на рекреативни риболовци кои се странски државјани.
Рекреативните риболовци се должни легитимацијата и дозволата за рекреативен риболов да ја носат при вршење на риболовот, редовно да водат евиденција за уловената риба и податоците да ги доставуваат до концесионерот.
Формата и содржината на образецот на дозволата и образацот за водење евиденција, како и начинот на водење на евиденцијата и доставување на податоците ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.