Не!
Немора да бидеш член за да извадиш легитимација. Напишав и пред два поста, членувањето во здружение е доброволно, а не задолжително! Еве јас не сум член на ниедно здружение, а имам легитимација...
Не е точно. Ти во моментов си член на Рибар 2011 и така си заведен во МРФ. Тоа што не плаќаш членарина е затоа што сме одлучиле членарината кај нас да биде на доброволна база. Секој кој го сака Рибар 2011 си плаќа членарина.
Инаку, може и ние да те условиме да плаќаш 100че ако сакаш легитимација преку нас, па ако не сакаш да платиш, да треба да вадиш од Пец-Пец рецимо, па и тој може да ти бара 100-200 членарина, а без здружение преку кое ќе поминат документите, нема легитимација.
Не ги доведувајте луѓето во заблуда, SantaFE е целосно во право. Не го правете 100 пати истиот моабет и истите заблуди на луѓето да им ги пуштате.
Член во здружение се станува со пополнување на ПРИСТАПНИЦА, плаќање на членарина и добивање на членска книшка од здружението, тоа е по закон и по СТАТУТИТЕ на здруженијата. SantaFE не е член на Рибар 2011, туку човек кој извадил легитимација преку Рибар 2011, така што членарина незнам што се спомнува во случајов.
Легитимација може да извади било кој без да биде член на здружение.
МРФ тоа што во своите архиви луѓето ги води како “членови“ на здруженија, тоа затоа што така му текнало на МРФ да води статистика и затоа што врз основа на тие бројки се одредуваат претставници на здруженијата во МРФ.