Морам да појаснам.
Прилепски таратур (разретчен таратур) произлезе од далечната 2005 (не сум сигурен). Во таа лига, со сите ѕвезди (Сергеј, Смилчевски, Тони, Тото, Мечо, Пепи, Свето, Васил С., Ицо, Мамба, па и Мето од Кочани) прво коло се одржа на Прилепско езеро. Бидејќи ја утнавме со локацијата (во езерото пливаа 2 крапа Толе и Столе) нормално не уловивме ништо (еден караш), цела стаза се впушти во дополнителни активности
. Јас со Зоки Пакунг, направив една вангла класичен таратур и му удривме на узото. Во меѓувреме не фати (покрај алкохолот) невреме и заврна. Ванглата со таратурот сме ја оставиле на место кај што протекуваше вода и така перпетум мобиле, како јадеме таа така си се полнеше. Додуше, таратурот стануваше се потенок и потенок, ама на пијан Стојко ништо не му сметаше. Цела стаза јадеше од тој таратур и на крај остана нешто бледо од краставица, со лукче и кисело млеко. Ете така се створи Прилепскиот таратур.