РегистриранCOLONВто Ное 20, 2012 7:24 am МислењаCOLON684
14 февруари беше денот кога Давор - leunovo и јас тргнавме кон Мавровското езеро. Предлогот за одење падна молњевито, и двајцата гледавме да избегаме од градскиот "воздух и обврски". Временските условие беа прекрасни, сончево, речиси без ветар, доволни за да Мавровското езеро и неговата околина блеснат во полн зимски сјај. Договорот со оглед на условите беше да ловиме "кај рударот", до браната кај Маврови Анови. Снег имаше 30-40 сантиметри, беше прекрасно да се гази снегот за да стигнеш до езерото. Ловевме на појасот од кај каналот до браната и иако немаше никаква активност, ниту еден удар за времето кое ловевме, на крајот батериите беа наполнети со тој чист воздух и таа природна убавина. Пробавме да ловиме со речиси се, воблери, кашики, силиконци, но за жал рибата беше или на некое друго место или во длабок зимски сон. На одредени потези површината на езерото беше замрзната, па требаше да се внимава да не одиме преку мразот со зафрлањата. Иако немавме некои посебни возбудувања околу риболовот, сепак беше прекрасен ден за да се помине на вода. Бистро!
_________________ I can be hopeful out here even in failure because I know if I just go out there, it might be different, something might be different, something I do might make a difference.
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 16 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум