Во саботата конечно после долго време отидов на риболов. Се договоривме со Тврдко и правец Радика. Застанавме во Маврово да извадиме дневни дозволи (сега е 200 наместо 150) и продолживме. Кај споменикот се сретнавме со Леуново и Синоок кои отидоа да ловат кај цевката.
Патот надолу е чист, во горниот дел има снег, надолу е стопен, мали одронети камења насекаде, ама ништо посериозно.
Разбравме дека и Пепи е веќе долу со Игор, а имало и уште неколку други екипи. Со Пепи се видовме подоцна во Скудриње, имаа фатено со колегата по една убава пастрмка на тирол. Другата екипа разбрав дека Пепи ја пратил кај црнецот
Окцата сабајлето замрзнуваа, ама после се затопли и беше одлично за риболов
Јас ловев на мушица, пробував скоро цел ден со нимфа црвена мартовка, извадив едно мало пастрмче, имав една откачена на вадење и неколку нереализирани удари. Колегата Тврдко не го посака среќата, па му се откачи едно стварно убаво парче при вадење
Активноста на рибата беше слаба, тук-там по некое рипче, ама затоа денот беше џам, еден период на сонце ловевме и без јакни
Во неделата веќе било подобро, како што ме информираше Перун, некој негов колега ги растурил на тирол, ама на флај не пипало...
И за крај, неколку фотографии од Радика, најубавата река во Македонија
А ова е вирот кај што Пепи ја извадил пастрмката
Бистро до следниот викенд