Ако се тоа се земе во предвид, нормално би било секоја година цената да расте по малку. Не зборувам за драстични скокови, од 1000 на 2500, ама од 1200 на 1500 би било нормално покачување кое може да се оправда.
Е сега рачунај дека ако годината кога ги покачил цените концесионерот, има помалку издадени годишни дозволи, следната година по логиката на МЗШВ уште повеќе ќе ја качи цената за да може да ги покрие трошоците.
Значи за 3 години наместо 1300 кај нас ќе плаќам 2200. Со маркица и чланарина 2700. Ако останат иста цена под услов. А платата за тие три години не мрднала повеќе од 1000 денари. А нема да се зголемуваат цение само на дозволите. И ќе си тераме вака до новата Голема рецесија како во 1929 година. Годишната за ревир е скоро четвртина од минималецот во државата, а државната скоро како минималецот. Тие што ќе имаме услови ќе извадиме. Оние што ќе немаат ќе одат навечер со мрежи и ќе ја уништуваат до крај. И да го фатат ќе му земат ку*от за свирка. Ништо нема да можат да му земат. И пак уништени ревирите. Убаво рекол Јувенал од прилика 100 години после Христа - panem et circenses ... Така да нема да има потреба да ја крева годишната за да ги покрие трошоците како претходната. Туку со помала, ќе има повеќе приходи.