Јас не знам што се фативте со бистрење политики на концесионерите и правење финансиски есапи. Ме интересира кој до сега од вас бил вклучен во креирањето на политиката и финансискиот план на некој концесионер? Едноставно ќе си вадите дозволи таму каде што ви одговара и тоа е. Јас сакам да одам на риболов во Сибир, таму имало тајмени, пастрмки, липљани ... ама немам пари и ќе си ловам скобал на Дрим. Кого да го критикувам за ова? Директорот каде што работам, затоа што не ми дава барем 10 пати поголема плата? Па и тој си направил есап колку може да ми плати, а мое е дали ќе прифатам и ќе работам или пак ќе барам некоја друга работа.
Има една поговорка: „не слушај гаталци, слушај паталци“ .... и уште една : „домашниот есап на пазар не излегува“.
Есапот од риболовните основи е само еден пример како, до некаде, концесионерите да дојдат до реална цена на дозвола. Овој дел од риболовните основи мислам дека го пишуваше Димче Мајкоски, а ако грешам не е важно затоа што кој и да го пишувал исто се фаќа. Тој што ова го пишувал никогаш не бил концесионер со овие сегашни услови според Закон, а тоа е нормално затоа што по измената на Законот прв пат според овие правила се доделија концесиите во 2012 година, односно после пишувањето на риболовните основи. Според ова, есапот што е правен таму е исто како сега јас да му правам есап на некој друг, на пример од Струга, кој зема плата, да речеме 30 000 денари, па јас да речам „оооо со толкава плата сигурно живее богато“, а да не земам во предвид дека на пример има невработена жена и плус 3 деца од кои 2 се на факултет во Скопје за кои плаќа и кирија .... па тој не знае главата каде му е, а јас му викам дека е богат.
Да се вратам на риболовот, малку забегав со муабетот.
Во примерот од Спиро пишува:
Пример за пресметка на трошоците:
Трошок Пресметка на месечните трошоци Потребно годишно
Вработен рибочувар бруто плата 20.000 ден. месечно х 12 месеци 240.000
Трошоци за рибочуварска комисија (гориво, дневници) -- 3.000 ден. месечно х 12 месеци 36.000
Тошоци за извршување на обврските
работа на канцеларија и работа на
пунктовоте за издавење на дозволи 3.000 ден. месечно х 12 месеци 36.000
Порибување со пастрмка 10.000 ед. или 100 кг. х 1.000 100.000
Вкупно: 412.000
Непредвидени трошоци 10% од 412.000 41.200
Законска обврска кон Буџетот 10% од вредноста на дозволите 50.000
ВКУПНИ ГОДИШНИ ТРОШОЦИ: 503.200
Овде меѓу другото пишува :
Тошоци за извршување на обврските
работа на канцеларија и работа на
пунктовоте за издавење на дозволи 3.000 ден. месечно х 12 месеци 36.000
1. Само киријата е МИНИМУМ 3000 денари месечно. пак ќе пишам МИНИМУМ.
2. Каде се комуналиите ... струја, вода ....????
3. Се вели „пункт за издавање дозволи“, а кој ќе издава дозволи? каде се парите за вработен во пунктот? Или пак во тие 3000 денари треба да има доволно и за кирија, и за струја, и за вработен????
---- во оваа ставка треба да се вметнат уште 200 000 денари минимум за да биде реална !!!!
Второ:
Трошоци за рибочуварска комисија (гориво, дневници) -- 3.000 ден. месечно х 12 месеци 36.000
Гориво .... во што да ставам гориво? Во пресметката нема ставка набавка на возило. Ај можеби возилото останало од претходната година, ама треба да се сервисира возилото, па и тоа кошта пари.
Според ова, на вкупната сума што е напишана во планот треба да се додаде уште околу 250 000 денари.
И тоа не е се, има уште еден куп „ситници“ кои за нас рибарите не се воопшто важни, а за буџетот и тоа како се важни, а овде не се спомнати.
Спонзорства и донации, прееска пишав и пак ќе пишам, тоа е умрена работа. Добро, доколку јас сум способен да обезбедам спонзорства и донации, па тие пари ќе ги наменам за спорт или за нешто друго, а нема да ги покривам обврските што треба да ги остварам со продажба на дозволи, парите од дозволите треба да ми се доволно за се што бара Законот од мене, а за дополнителни работи кои не ми се обврска можам да барам спонзорства и донации. Барање спонзорства и донации за да се намали цената на дозволите, за да некои риболовци ловат поевтино ..... не доаѓа во предвид ... тие сами нека си бараат спонзорства и донации за да си купат дозвола штом е тоа така лесно, а јас за нив нема да барам.
Оооооо јас заборавив дека има концесионери кои не се здруженија, кои се фирми .... па тие треба да имаат профит ..... нив не ги интересира шемата за пресметување цена на дозвола колку да не се во загуба, нив ги интересира профит .... најмалку 30% ..... ооооо па сега тие фирми се и даночни обврзници затоа што имаат поголем прилив на средства, па од дозволите не само 10% по основ на концесија, туку и дополнително 18% ДДВ се одлеваат во буџетот на РМ, а со тоа треба и дозволата да ја зголемат за 18%. До каде сега стигна цената на дозволата, јас некако се изгубив со овој есапов? Стигнавме до 4000 денари, или мислам дека надминавме?
Колеги, со овие правила на игра за концесионерите кои се пропишани во Законот, мислам дека цените на дозволите во моментов се премногу ниски. Реално е да очекуваме во наредните години да растат овие цени, најмалку за 50% од сегашните. А ако сакаме пониски цени ќе мора да се менува Законот, и тоа од корен, што не е на повидок во моментов.