Идеална е онаа која најубаво ќе ти легне на рака. Релативна работа според мене. Лично, за типот на риба која ја ловам, ми одговараат пократки трски, најдолгата ми е 2,78м, сите останати се пократки, за мене попрактични за транспорт, за движење низ природа ( грмушки, гранки), за риболов од чамец и сл. Се зависи од тоа кој тип на риба се обидуваме да измамиме и терените на кои тоа го правиме (дали е од брег, дали е од чамец, дали е река, езеро, море). Околу квалитетот, изработката, брендовите, тука се уште учам и собирам искуство. Љубопитноста да се има трска од реномиран бренд честопати не е во склоп со нашиот буџет и ни останува да сонуваме за одредени брендови/модели на трски, машинки,мамци и сл. Уметноста да се направи компромис меѓу опремата и можностите, е тоа мислам дека е блиску до идеал. За пример ќе ја земам фотографијата (ете во последно време, секој кој има средства, може да си дозволи да си купи скапа дигитална камера, објективи, поларизатори, филтри, блицови и сл., но тоа не значи дека по автоматизам ќе направи убава фотографија, невообичаена, уметничка, street, воена, портретна, пејсажна и сл., не значи дека по автоматизам добива титула "фотограф"), каде мислам дека 50-тите години кога не постоеше дигитална технологија, еден светски признаен фотограф сликал улична, street фотографија исклучиво со еден фиксен објектив од 50 мм и една обична камера. А неговите фотографии денес се вбројуваат во уникатни, ремек дела. Максимум резултат со минимум опрема. За жал, денес целиот свет живее во потрошувачко општество каде целта е да се остварува поголема продажба на производи, на сметка на нивниот квалитет. Идеални трски ми се оние кои ги имам дома.