Јас имав машинки со класичен бајтранер си имаа некои маани кои не беа во бајтранерот.
Од нив прејдов на QD и обична шпунла
Ултегри 5500
и
spro incognito 965
И сега сум во ситуација, да ги продадам Ултегрите, иако работат како саат, само поради тоа што не ми прави мерак тој систем со две копченца.Баш како што објаснува типот на видеото диме што го стави “Ако е поголема риба чепни го и малото копче“....Абе несакам да се заебавам со две копченца, некој ќе рече па што има да го чепкаш, за крапови до 5-6 кила ќе се сложам, што има да го чепкаш, ама кога станува збор за поголем има ситуации кога треба да се чепне, па после чепни го едното, си го расипал другото, сакам да си наместам се како што треба како кај класика бајтранерот и кога ќе има ран, дали било темница, дали било во сон да станам, дали било на незгоден терен да трчам, кога ќе ја фатам трската не сакам да се заебавам со два регулатора, сакам фокус на борбата и тактиката, на тоа каде ми оди рибата, каде се движам јас по обалата, ќепот каде е....и куп други работи, во машинка нејќам ни да гледам, ако треба да попуштам или затегнам кочница тоа да биде еден регулатор....Затоа мислам дека повеќе ми одговара класичен бајтранер, НО....кој е изборот.....ББЛЦ никогаш не сум ги сакал поради тежината и големината ...за другите допрва ќе видиме