Очигледно е скренувањето на брендовите кон исфрлање на Бајтранерот, или можеби мене така ми се чини.
Лично сум користел машинки со Бајтранер, а моментално имам два сета на машини само со предна кочница и со QD, НО некако ме држи љубовта кон класичниот Бајтранер, ја завртуваш рачката и борбата почнува без чепкање на шпунла и други перипетии. Сепак очигледно брендовите го осфрлаат од игра класичниот Бајтранер, слабо вадат нови модели со Бајт, ценовната категирија на овие машинки е пониска од машинките со QD и многу други показатели кои укажуваат на оваа констатација. Она што е моментално на пазарот што е во некоја средна класа па нагоре е следно.
Предводник меѓу брендовите е Шимано со повеќе типови меѓу кои
Познатиот ББЛЦ - Shimano Big Baitrunner XT-A LC
Ценовна категорија НОВО нешто околу 180 евра
Shimano Medium Baitrunner XT-A LC
Ценовна категорија НОВО нешто околу 170 евра
Daiwa infinity сеуште во игра и на добар глас
Ценовна категорија на старо околу 160 евра
Даива WINDCAST BR 5500 LDA
Ценовна категорија НОВО нешто над 100 евра
FOX 12000 FS
Ценовна категорија НОВО нешто околу 180 евра
TICA Abyss TF 9007
Ценовна категорија НОВО нешто околу 90 евра
OKUMA PowerLiner Baitfeeder
Ценовна категорија НОВО нешто околу 60 евра
SPRO Incognito LCS 8000
Ценовна категорија НОВО околу 80 евра
SPRO Super Long Cast LCS 4.000/5.000
Ценовна категорија НОВО околу 60 евра
Има уште некоја марка....но генерално понудата се сведува на ова, премалку за сметка на машините со QD
Правилно ли е исфрлањето на класичниот Бајтранер или НЕ ?