Убаво и внимателно прочитав, да не ме караш
Ај сега да прашам, доколку вибрацијата се губи на многу кратко растојание, зошто некогаш на езеро се поефикасни воблери со ситна вибрација кои немаат тропка, односно не произведуваат звук кој би можеле да го слушнат рибите кои се наоѓаат на 10-тина метри длабина и да се кренат на 2-3 метри и да го нападнат воблерот?
Или, зошто воопшто прават воблери без тропки ако вибрацијата се губи на многу кратко растојание? Значи ли тоа дека тие воблери ќе бидат успешни само ако поминат на 30 см од рибата?
А дали таа вибрација прави звук? И каков звук прави? Еве на пример
Мепс си го снимале звукот кој се прави од вибрацијата и вртењето на нивните спинери, односно звукот на “вортексот“. Дали и воблерите кои немаат тропка прават таков звук кој стига многу подалеку од вибрацијата и на тој начин исто стануваат забележани и ловни?