....
Немаме концесија за да ја одземат,ама друга тема е тоа...
Келтан,сакам да кажам дека треба се со ред да си иде.Треба прво да се средат основни работи во риболовот кај нас,од риболовци,концесионери,друштва,иснпектори итн.Кога тоа ке се среди малку од малку,кога ке почне да си функционира нормално,не нешто многу екстра туку да има една нормала,секој да си има лег.,дозвола и култура да почитува правила,дури тогаш може да се почне со такви ‘‘финеси‘‘ како полагање рибарски испит. Па зарем не гледаш/те дека се случуваат страшни работи со водите кај нас.
Реките уништени,загадени,измрежарени.Во забрана се лови пострмка која е толку ретка па се радуваме на рипчиња од 200гр. за некоја поголема треба да се пријави во Гинис!
Брегалница секоја чест на дечките од Штип,освен кај нив другиот дел е уништен,лошото е што тоа ке се одрази и на нивниот ревир,страшното е што заради тоа може и на штипјани ке им дојде преку глава да се мачат,работат и на крај пак да останат без риба поради некој што лакт го боли за нивниот дел.
Калиманци исто коолку риба имаше,има и сега ама не е тоа-тоа колку и да трчат дечките пак имам инфо дека се мрежари,а и летото маме се еб**е на малите крапчиња и лињак,и за кој тие луге порибуват,тука веке е проблем до риболовците не до конц. или чуварите,голема вода е нема како да ја изпазат целата.Градче малку од малку се среди предходните неколку години,а еве последните 2год иста песна пак си се ловат мали крапчиња,лани една вечер видов сомнителни светла во вода ама викам ај рибари се,кога ми кажаа дека стават струкови и мрежи некој роми не верував,но од оваа година сум 101% сигурен дека и таму заиграа мрежите,за излов на мали крапчиња да не зборам.Мантово исто итн,ова се примери за кој јас лично знам и сум видел,а верума дека по МК има и полошо.
Се помалку риба има во нашите води,чест на исклучоци,се повеке рибари ПОШТЕНИ кога гледаат што се случува по водите се разочаруваат и ако се продолжи вака ке дојде ред и тие да се откажат од вадење лег.,дозволи и слично.Мегу кои сум и јас оваа 2015 здравје ако не се промени нешто драстично,ни лег. ни дозвола ни ништо не вадам ке си одам по Бугарија,Грција по ретко ама барем нема да се нервирам и да се осекам како магаре.
Значи се со ред,полагање испит е последен од листата.
Ме разбираш ли што сакам да кажам друже Келтан?