Uste ednas pravilata
Риболовен натпревар во поединечна конкуренција во дисциплина СПИН
ДРЖАВЕН КУП МАВРОВО 2014
Организатор: Македонска Риболовна Федерација
Домаќин: ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Термин на одржување на натпреварот: 26.10.2014 година
Право на учество во натпреварот имаат сите риболовни здруженија.
Број на натпреварувачите не е ограничен.
Натпреварот ќе трае непрекинато 5 часа. Предвиден е улов на риба само од видот клен и пастрмка.
Право на учество имаат сите спортски риболовци кои поседуваат спортска легитимација издадена од МРФ.
За учество во натпреварот не се плаќа котизација.
За најдобрите тројца натпреварувачи во СПИН натпреварот ке следуваат: медали, пехари и др.
ПРОГРАМА
Недела, 26.10.2014
7.00 до 7.30 часот - Пристигнување на натпреварувачите
од 7.30 до 8.00 часот - Запознавање на натпреварувачите со патеката и правилата
8.00 часот - Почеток на натпреварот_____________________________ прв сигнал
12.00 часот - Крај на натпреварот _______________________________втор сигнал
12.30 часот - Соопштување на резултатите и прогласување на најдобрите натпреварувачи
Натпреварот треба да биде медиумски покриен од најмалку 1 медиум.
За фер и коректно спроведување на натпреварот Македонската риболовна федерација и домаќинот ЗРСРК РИБАР 2011- Скопје ќе ангажираат доволен број на членови-волонтери кои ќе им помагаат на натпреварувачите доколку имаат било каква потреба.
ДИСЦИПЛИНА: Лов на риби грабливки со риболовна техника СПИН
КОНКУРЕНЦИЈА: СЕНИОРИ
ДАТУМ: 26.10.2014
МЕСТО: Мавровско езеро, место викано Црн Камен
Натпреварот ке биде во слободен стил, односно без извлекување на позиции за секој натпреварувач, со што натпреварувачите се должни да држат прифатливо растојание од 10-15 метри еден од друг, доколку има пречекорување судијата е должен на тоа да го опомене натпреварувачот. Доколку се повторува прекршокот, натпреварувачот ке биде санкциониран. Патеката ја одредува комисија од МРФ И ја соопштува на натпреварувачите непосредно пред натпреварот.
Дозволен прибор ке биде: Два риболовни стапа едниот за употреба, а другиот за резерва, две машинки со капацитет по избор на натпреварувачот, конец монофил или плетен по избор на натпреварувачот, кепче, вештачки мамки (воблери, блинкер, спинер, силиконски мамки со оловни глави,главињари) кои ке се употребуваат без додавање на вештачки ароми и мириси.
ПРАВИЛА
1. За натпреварот ќе бидат ангажирани двајца судии
2. Организацијата на натпреварот и пресметувањето на резултатите ќе биде според Правилата за натпревари во спортски риболов
3. Дозволено е зафрлување со една трска со вештачки мамки кои се предвидени, со најмногу две трокраки јадици.
4. Употреба на живи мамки и било какви други ненаведени мамки се забранети.
5. Забрането е зафрлање со кое би се попречило на друг риболовец.
6. Забрането е вадење на риба надвор од вода на суво, камен и сл.
7. После секој улов риболовецот е должен да го причека судијата за да го измери уловот и потоа рибата ке биде вратена во вода, освен доколку има поголеми повреди и судијата оцени дека рибата не треба да биде вратена назад.
8. Забрането е влегување во вода.
9. Секој натпреварувач се образува пристојно и коректно однесување спрема природата, рибите, натпреварувачите, судиите, организаторите.
10. Секое нехумано однесување спрема рибите, оштетување или умирање по вина на натпреварувачот ке биде соодветно санкционирано од судијата на натпреватор.
11. Се бодува риба од видот клен и пастрмка
12. За најголем улов ќе се смета риба која ќе има најголема должина при мерење од страна на судиите, а во конкуренција се сите натпреварувачи вклучувајќи ги и 1, 2 и 3 место
13. Бодувањето ќе се врши по должина на рибата и по бројот на уловени риби, согласно следните пропозиции:
- Секоја уловена риба носи 10 бода на натпреварувачот
- За секоја уловена пастрмка се мери должината и 1 см = 2 бода
- За секој уловен клен се мери должината и 1 см = 1 бод
(Пример: ако натпреварувачот има уловено 2 клена од 30 см и една пастрмка од 25 см, се бодува на следен начин: 3 риби х 10 бода = 30 бода, 2 клена по 30 см = 60 см х 1 бод = 60 бода, 1 пастрмка од 25 см х 2 бода = 50 бода. 50 + 60 + 30 = 140 бода за тој натпреварувач)
14. Минимални мерки за мерење:
- клен 25 см
- пастрмка 25 см _________________
|